fbpx

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување лани

-

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација, информираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Со него биле опфатени вкупно 6,374 лица, од кои 3.359 или 53 проценти млади лица до 29 години.

Царовска како посебно значајна ја потенцираше вклученоста на жените во активните програми и мерки кои водат до намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година претставува одличен пример за родова еднаквост, во него 54 проценти односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инкузивност на жената на пазарот на трудот“, изјави Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска информираше дека преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лица, мерката Субвенционирање на плати овозможила да се вработат 759 лица, а преку учество во мерката Вработување и раст на правни субјекти биле вработени 347 лица.

Голем интерес имало и за обуките за стекнување на вештини кои се барани на пазарот на трудот, наменети за доквалификација на невработените лица.

Една од најбараните била програмата Практиканство и во неа се вклучиле 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст. Одлични резултати покажала и програмата Општинско-корисна работа, во која учествувале 703 лица, кои обезбедуваат социјални услуги во 56 општини во државата, најмногу како образовни и лични асистенти.

Носител на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2018 е Министерството за труд и социјална политика, а имплементатор е Агенцијата за вработување. За негова реализација биле потрошени 975.240.683 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...