Антикорупциска сатира: Украдените пари да се вратат кај народот (ВИДЕО)

Младите од „Че Теам ТВ“ го продуцираа своето второ видео. Преку сатирична содржина во повеќе продолженија тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат сите во земјава, а особено младите.

Корупцијата во Македонија е широко распространета. Во извештаите на Европската Комисија за напредокот на земјата во пристапувањето кон Европската Унија секоја година се бара посилна борба и искоренување на корупцијата што ги има опфатено и највисоките државни позиции.

Овој лош феномен ги брка младите од родната земја. Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата се обидува да ја врши својата работа, а функционерите, секако, се трудат да ја избегнуваат одговорноста.

Погледнете го новото видео: