fbpx

Во сабота Марш за толеранција на различностите во образованието

-

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира единаесеттиот Марш на толеранцијата, кој ќе се одржи во сабота, 16 ноември, со почеток од 12 часот. Маршот ќе почне пред Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија, информираат од Хелсиншкиот комитет.

„Образованието и младите ќе бидат во фокусот на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата. Причините се сериозни и секојдневно видливи – најчести извршители и жртви на злосторства од омраза се малолетни лица, а подемот на меѓуврсничкото насилство дополнително се зголемува со користењето на социјалните мрежи“, се вели во соопштението за претстојниот марш.

Маршот на толеранцијата во сабота ќе побара вистински да се активира декларираната политичка волја за квалитетно и сеопфатно образование. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права потсетуваат дека младите речиси и да не се оспособуваат за критичко мислење во рамки на образовниот процес. Учебниците и наставните програми се полни со дискриминаторски содржини што ги зацврстуваат вкоренетите стереотипи и предрасуди, велат од Хелсиншкиот комитет.

На крајот од саботниот марш ќе бидат одржани неколку говори од претставници на организациите кои ќе ја дадат својата поддршка. Настанот е поддржан од МОФ, ХЕРА, Коалиција Маргини, Националниот Ромски центар, Реактор и Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...