недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МИОА | 110 резултати

Шаќири: Наскоро стартува дигиталната идентификација на граѓаните и административците

октомври 1, 2021

По завршувањето на сите технички усогласувања, денеска со МастерКард (MasterCard) се договоривме да се заврши интеграцијата на дигиталната идентификација во порталот за е-услуги во најкус можен рок. Со ова, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво, вели министерот за информатичко […]

Владата ќе добие грант од 350.000 долари за електронски услуги

септември 21, 2021

Грант од 350.000 долари на владата на Северна Македонија ќе дадат Амбасадата на САД во Скопје и Естонскиот центар за источно партнерство. Тоа било потврдено на денешниот состанок на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со претставници од двете тела. Грантот е наменет за активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските […]

Фондацијата Метаморфозис со техничка помош при изработката на новиот Закон за употреба на податоци од јавниот сектор

септември 2, 2021

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за ангажирање на граѓаните, ќе обезбеди техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за изготвување нов Закон за употреба на податоци од јавниот сектор, кој треба да биде усогласен со соодветната директива на Европската Унија (ЕУ), информираат од Министерството за информатичко општество и администрација […]

Законот за користење на податоците од јавниот сектор ќе се усогласува со ЕУ Директивата за отворени податоци

јули 27, 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор […]

Министерот Шаќири одржа онлајн состанок со претставници на SpaceX

јуни 10, 2021

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вчера одржа состанок со претставниците на Space Exploration Technologies Corporation, поинаку позната и како Спејс Икс (SpaceX), соопшти МИОА. „Министерството за информатичко општество и администрација бара најдобри опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните и руралните средини кои сè уште немаат пристап […]

Антикорупционерите гледаат на привремените вработувања како голем проблем за јавната администрација

мај 26, 2021

Еднаш засекогаш да престанат привремените вработувања во јавната администрација, кои доаѓаат како резултат на тоа што секоја нова раководна екипа во институциите си носи сопствен тим по нивното назначување. На ова посочи членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Нури Бајрами на денешната презентација на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од […]

Порталб: Реорганизацијата на администрацијата најавена во 2017 година сè уште е во почетна фаза

април 9, 2021

Процесот на реорганизација на јавната администрација, со кој се предвидува намалување на бројот на институции и вработени во јавниот сектор, сè уште е далеку од реализација. И покрај тоа што беше ветено во 2017 година, до денес законот сè уште не е подготвен, пишува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири вчера изјави дека […]

Бројот на вработени во јавниот сектор лани изнесувал 131.183 и е намален за 1.717 во однос на 2019

април 8, 2021

Бројот на вработени во 1.332 институции во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 изнесува 131.183 лица, истакна на денешната прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Во споредба со 2019 година, бројот на вработени во јавниот сектор бил намален за 1.717 лица. Од овој вкупен број на вработени, 19.594 се во Армијата, […]

Порталб: Јавниот сектор во земјава лани бил намален за 1.695 вработени [инфографик]

април 6, 2021

Бројот на вработени во јавниот сектор лани бил намален за 1.695, споредено со 2019 година, додека бројот на институции е зголемен за 8. Ова го покажува извештајот за 2020 година на регистарот на вработени во јавниот сектор изготвен од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), известува Порталб.мк. Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно […]

Издадените дозволи за движење од МИОА ќе важат и за полицискиот час што ќе почне од среда

март 9, 2021

Портпаролот на Влада, Душко Арсовски информираше дека дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март 2021 година. „Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со […]

Министерот Шаќири: Трансферот на административци во приватниот сектор ќе се разгледа по септември

февруари 14, 2021

Сè уште не е почната реализацијата на идејата за префрлање на административците од јавниот во приватниот сектор како мерка за намалување на големиот број административци. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири вели дека моделите за имплементација на ваква идеја ќе почнат да се разгледуваат по септември или октомври, пишува Порталб.мк. Трансферот на административците […]

МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година

ноември 24, 2020

Со предлог-буџетот за 2021 година, Министерство за информатичко општество и администрација планира да одвои 670,5 милиони денари (10,9 милиони евра) од државниот буџет за Македонската-радио телевизија. Ова е намалување од 223,5 милиони денари (3,6 милиони евра), наспроти 894 милиони денари (14,5 милиони евра) кои за јавниот сервис беа одвоени во буџетот за годинава. Министерот за […]

Аспектите за кои треба да се има многу внимание: Безбедноста и приватноста на електронските услуги во РСМ (IV)

ноември 23, 2020

Безбедноста на интернет е еден од најголемите предизвици со кои се соочува современиот дигитален свет. Напредокот на технологијата и нејзиното вклучување во секој сегмент на функционирање на општеството и државните системи, го носела со себе и ризикот да преку сајбер напади, одредени структури или групи да стигнат до податоците или информациите, кои се суперсилна артилерија […]

„Не ни треба државјанство, имаме лична карта“, електронските услуги можат да отстранат од употреба низа документи (III)

ноември 22, 2020

Електронските услуги во РСМ би овозможиле некои документи, кои не треба да постојат, да бидат повлечени од употреба, бидејќи истите ги зголемуваат трошоците на граѓаните и преставуваат губење време при аплицирање и чекање за нивно добивање. „Идејата за дигитализација на регистрите во институциите е да се укинат некои документи, тие меѓусебно да разменуваат податоци, а […]

Порталот на РСМ за електронски услуги е полуфункционален, граѓаните имаат опрема, но не добиваат информации (II)

ноември 21, 2020

„Потребна е поголема посветеност од сите државни институции за искористување на целосниот потенцијал на е-порталот. Кризата со КОВИД-19 ја докажа важноста на дигитализацијата на јавната администрација и зајакнувањето на обезбедувањето онлајн услуги за граѓаните и бизнисите преку е-порталот“ – беше пораката во Извештајот на Европската комисија објавен на 6 октомври 2020 година, во врска со […]

Истражување: Граѓаните талкаат по шалтерите, С. Македонија е 10 години зад Европа во областа на дигитализацијата (I)

ноември 20, 2020

Граѓаните на Северна Македонија тешко можат да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет. Ова се случува затоа што државата обезбедува ограничени електронски услуги, потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а граѓаните, иако имаат опрема, немаат доволно информации за електронските услуги. Според истражувањето што го направи „Порталб.мк“, произлегува дека дури не е познато […]

МИОА и МАСИТ потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на ИТ секторот

октомври 22, 2020

Со цел да се обезбеди меѓусебна соработка и да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) потпишаа меморандум за соработка. Тие се обврзаа да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на заедничките […]

Шаќири-Галовеј: Британската амбасада со постојана поддршка во процесот на реформа на јавната администрација

октомври 21, 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. На средбата, министерот Шаќири изразил задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од […]

Граѓанскиот сектор е иницијатор на објавувањето на отворените податоци

септември 29, 2020

Кога ќе се разгледаат состојбите, Австрија, во последниве пет години, на централно ниво на власта прави помалку на планот на отворените податоци од Северна Македонија, и тоа што е направено во вашата земја за отворањето на податоците од централната власт во последните години е навистина восхитувачко, порача Бернард Крабина од Центар за истражување во јавната […]

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

август 4, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од […]

Страна 3 од 6