fbpx
Таг: МИОА

таг: МИОА

Вкупно 139.009 вработени во јавниот сектор

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг. Иако не е целосно функционален Регистарот на вработените во јавниот сектор, за чие...

Манчевски: Дигитализацијата во ИКТ-сферата е еден од приоритетите на ЕK

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на настанот „Самит на малите земји - нови трендови во бизнисот“, ја отвори панел сесијата „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието на бизнисот“. Манчевски се осврна на дигиталната трансформација, на која што работи МИОА, со поддршка од бизнис-заедницата, регионот и Европската комисија. - Дигитализацијата и реформите во ИКТ-сферата во Западен Балкан во...

Манчевски: Институциите мора да ги регистрираат вработените за да исплатат плати

Јавната администрација нема да може да земе плата, ако државните институции не ги регистрираат своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со кои се предвидува оваа мерка,...

Законот за АВМУ ќе оди на разгледување во Европската Комисија, па потоа во Влада

Последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ), која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вчера ја објави, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на разгледување во Европската Kомисија (ЕК) пред да се најде на дневен ред на владина седница, соопшти денеска портпаролот на Владата, Миле...

Манчевски: Контролата на прислушувањето е дел од реформите во судството и во УБК

Во четири различни приоритети од планот „3-6-9“ - Собрание, судски реформи, реформа во разузнавачките и безбедносните служби и борба против организираниот криминал и корупција, вклучени се мерки кои се однесуваат на следењето на комуникациите. Ова денеска го изјави  министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на студијата „Кон граѓанскиот паноптикон - Подобра рамнотежа меѓу заштитата на...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку и да се труди, Манчевски нема да најде 180 илјади административци

Колку и да се труди, Дамјан Манчевски не може да најде 180 илјади или некој друг имагинарен број на вработени во јавната администрација со кој упорно ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација. Според опозициската партија прес-конференцијата на Манчевски е скандалозна бидејќи тој отворено кажува дека не го почитува...

МИОА: Законот за владино рекламирање е повлечен заради доработка на текстот

Владата го повлекла предлог-законот за владино рекламирање, односно за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, а причина била потребата за доработка на текстот на законот, во согласност со добиените предлози и забелешки. „Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со повеќе од 100...

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се промовираат партиски интереси ниту, пак,...

Кирацовски: Незаконски исплатени еден милион евра на фирма блиска до власта

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски дозволи околу еден милион евра пари на граѓаните да бидат незаконски префрлени на сметката на фирмата „Виста Груп“, блиска до власта, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општесто и администација, Александар Кирацовски. Тој изјави дека незаконската исплата била за проектот за интероперабилност и покажа документи за кои тврди дека докажуваат...

Денеска ќе се одржи дебата за јавниот дифузен сервис

Денеска во 12 часот, во Агенцијата за електронски комуникации ќе се одржи јавна дебата на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис“. Дебатата ја организира Министерството за информатичко општество и администрација.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...