fbpx
Таг: МИОА

таг: МИОА

Нов рекорд на Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019) со над 66.000 активности

Седмото издание на Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), постави нов рекорд во бројот на орагнизирани настани во Европа и пошироко. Оваа година активните наставници и училишта одиграа главна улога во проширувањето на Европската недела на кодирање. Европската недела на кодирање расте од година на година и во 2019 година имаше над 66.000 регистрирани активности – најголемиот број...

МИОА го пушти во употреба Централниот регистар на население

Министерството за информатичко општество и администација (МИОА), денеска го пушти во употреба Централниот регистар на население. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци...

Aнализата на УНДП уште пред година и пол препорачала кратење на инспекторатите и на државните институции

Сите државни институции имаат еден месец за да направат функционална анализа, по што ќе се утврдат конкретните мерки за реформата на јавната администрација, најави вчера министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој нагласи дека веќе е спроведена функционална анализа на инспекциските служби. - На овој процес, претходеше и функционална анализа спроведена на инспекциските служби, што беше и основа...

Ова се законските измени за администрацијата што се очекува да бидат усвоени

До крајот на оваа година или почетокот на 2020 година, граѓаните ќе можат да видат видливи резултати од проектот за реорганизација и оптимизација на јавната администрација, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на администрацијата. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред почетокот на дебатата измените во Законот за aдминистративни службеници, пренесува „Порталб.мк“. „Вработените...

Јахи Јахиу ослободен од притвор со 105.000 евра кауција и замрзнат имот

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу, вчера е пуштен од притвор за да се брани од слобода откако дал гаранција од 105.000 евра и по предлог на Обвинителството, судот го замрзна целиот негов имот. „Со одлука на судот, прифатен е предлогот на одбраната за да се даде гаранција од 105.000 евра. На барање на надлежниот...

Милевски: Општинската администрација се дуе како балон – двојно е поголема од 2011 година

„Секој градоначалник сака да стави свои луѓе, и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи“, изјави вчера министерот за локална самоуправа Горан Милевски. „Мета“ во април направи споредба на официјалните податоци, според кои општинската администрација пораснала двојно од 2011 година. - Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе  имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот -...

Jавните институции и локации ќе се мапираат за бесплатен безжичен интернет

Владата на последната 142. седница ја усвои информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен безжичен интернет-пристап (WI-FI). „Имајќи предвид дека во соработка со Светска банка во октомври 2019 година, треба да започне подготовката на Студијата за изводливост за изградба на Национална оптичка транспортна мрежа, на која што понатаму ќе треба да се поврзат јавни институции и локации...

Уапсен државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Јахи Јахија од Куманово, денеска бил уапсен бидејќи е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Неофицијално, тој се товари за земање на провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА-фондови. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА.

МИОА нема време до крајот на мандатот да ја департизира администрацијата (инфографик)

Владата предводена од премиерот Зоран Заев нема да има време до крајот на својот мандат да ја департизира јавната администрација. Сегашната состојба со вработувањата е слична со таа во минатото - во јавната администрација може да се вработите само ако имате книшка на партијата на власт. - Сè е исто како и порано. Предвидени се многу мерки, но не се...

Започнати се консултации за измени на законите за вработените во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) организираше работилница, со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. Како што истакна, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, на оваа работилница, институциите кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имаа можност да ги претстават ставовите и предлозите...

Регионот ќе се дигитализира и ќе се намалуваат цените во роаминг

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски е домаќин на еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, министрите и високите владини претставници од земјите од Западен Балкан и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас. „На министерскиот ручек што се одржа денеска, се разговараше на повеќе теми, со посебен осврт на идејата за отворање...

Формиран Дигиталниот Форум за информатичко-комуникациски технологии

На конститутивна седница со која претседаваше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше формиран Дигитален форум за информатичко-комуникациски технологии како партнерски и коалициски форум за размена на идеи помеѓу институциите и останатите засегнати страни, кои се поддржувачи на дигиталното партнерство. Од МИОА посочуваат дека идејата за формирање на форумот произлегла како резултат на препознавањето на важноста на дигиталната...

Со нова регулатива ќе се зголемува безбедноста на Интернетот

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за безбедност на мрежи и информациски системи. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) се вели дека мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. „Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. Фондацијата “Метаморфозис” во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го одбележуваат...

Владата го промовираше порталот за отворени податоци data.gov.mk

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го промовираше новиот портал за отворени податоци каде што во моментов има објавени 111 податочни сетови, од 42 институции. Според министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски дел од податоците достапни на порталот се објавуваат за првпат, дел се и претходно објавени, но сега се достапни на едно место, систематизирани и во формат којшто...

Голдстајн: Премногу администрација воопшто, но премалку на вистинското место со вештини

Свесни сме за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација. Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на првата Годишната конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси, на која присуствуваат шестотини претставници...

Манчевски: За сајбер-безбедноста соработката помеѓу јавниот и приватен сектор е важна

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија. „Сајбер-безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе посветиме и на зајакнување на...

Почнува расправата за новата стратегија за национална сајбер-безбедност

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи заеднички изготвиле работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Расправата веќе почна по електронски пат, преку давање предлози, препораки и коментари на електронската адреса [email protected], а утре ќе се одржи и првиот јавен настан од овој процес. Во Клубот на пратениците во...

Веб-страницата на МИОА пристапна и за лицата со посебни потреби

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска e со нова веб-страница, која исполнува дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост. „На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на министерството. Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, тоа што е ново на оваа веб-страницата и е исполнување на...

Манчевски: Работиме на нова законска рамка за поголема сајбер безбедноста

Работиме на нова законска рамка што ќе овозможи поголема безбедност на интернет мрежите, информираше денеска министерот за информатичко општество и технологија, Дамјан Манчевски на отворањето на работилницата за „Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT“. Тој додаде дека сајбер-нападите претставуваат заедничка закана за сите за потрошувачите, државите, бизнисите, економиите, занаетите, граѓаните, и тн. - Како што и порано, за време...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...