Министерот Шаќири одржа онлајн состанок со претставници на SpaceX

Фото: МИОА

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вчера одржа состанок со претставниците на Space Exploration Technologies Corporation, поинаку позната и како Спејс Икс (SpaceX), соопшти МИОА.

„Министерството за информатичко општество и администрација бара најдобри
опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните
и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за
можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на
Република Северна Македонија“, соопштија од ова министерство.

Оттаму најавуваат дека во рамки на Владата ќе бараат начини за субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку систем на ваучери.

„Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps за секое домаќинство, дури и
во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на
крајот од спроведувањето на овој проект“, велат од МИОА.

Министерот Шаќири информира дека разговорите со компанијата управувана
од Елон Маск ќе продолжат.