fbpx

Фондацијата Метаморфозис со техничка помош при изработката на новиот Закон за употреба на податоци од јавниот сектор

-

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за ангажирање на граѓаните, ќе обезбеди техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за изготвување нов Закон за употреба на податоци од јавниот сектор, кој треба да биде усогласен со соодветната директива на Европската Унија (ЕУ), информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

„МИОА во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за употреба на податоците од јавниот сектор со директивата на ЕУ. Во овој случај, ќе се анализира постојниот закон за употреба на податоци, ќе се оцени влијанието на регулативата врз новото законско решение, како и новиот закон кој ќе се изготви со користење на анализи и мислења на експерти и со консултација со сите засегнатите страни”, информира министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

MИОА исто така информира дека Фондацијата Метаморфозис веќе објавила повик за ангажман на експерт/и, кои ќе бидат ангажирани во изготвувањето на законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...