fbpx
Таг: мигрантска криза

таг: мигрантска криза

МВР вчера издало потврди на 170 странски државјани

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 170 странски државјани. Според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, но не се издадени потврди на државјани на Авганистан. Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 87.206 странски...

Попоски на средба со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со својот колега од Унгарија, Петер Сијарто. На средбата министрите разговаралe за билатералните односи, европската и за евроатлантската интеграција на Македонија и за актуелниот проблем со мигрантската криза. Како што пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи, на средбата било договорено во наредниот период да се посвети повеќе внимание на зајакнување...

Во Солун за мигрантите разговараат директорите на македонската и на грчката полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска е на билатерален состанок во Солун со својот колега, директорот на грчката полиција, Константинос Сувалас, соопшти МВР. На средбата, која е на покана на шефот на грчката полиција, ќе се разговара за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полиции. Според МВР, состанокот е...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

Управувачкиот комитет ќе одлучува за бегалците заглавени на Табановце

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска попладне по 18 часот треба да одржи состанок, на кој ќе се расправа за ситуацијата со бегалците што се заглавени на Табановце, потврди за „Мета“ портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица Вчкова. - Средбата треба да биде некаде по 18 часот, но терминот кога ќе почне, сè уште не е прецизиран....

Грчките специјалци ги отстранија мигрантите од Идомени

Грчката полиција утрово, околу 6 часот, почнала да ги отстранува мигрантите што останаа заглавени кај Идомени откако вчера македонските власти го затворија преминот за авганистански државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. Како што пренесуваат грчките медиуми, припадници на полициската единица за справување со нереди ја расчистиле железничката пруга, која беше бликирана, и ги отстраниле неколкуте...

Тензично кај граничната кота 59, МВР молчи за непропуштањето на мигранти од Авганистан

Илјадници мигранти се заглавени во меѓуграничната зона на грчко-македонската граница откако македонските власти престанаа да ги пропуштаат авганистанските државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. „Би-Би-Си“ пренесува дека во моментов на границата се заглавени околу 5.000 мигранти, а во меѓувреме во грчкото пристаништето во Пиреја пристигнале нови 4.000 мигранти. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска,...

МВР вчера издало потврди на 773 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 773 мигранти. Според државјанството, 611 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 160 на државјани на Ирак и две на лица од Авганистан. Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 219 се мажи,...

МНР: Засега нема затворање на границите, финансиската помош од ЕУ сè уште не стигнала

Засега Македонија нема намера да ја затвори јужната граница со Грција за мигранти, брифираат од Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека авганистанските државјани, кои се заглавени кај Табановце, најверојатно ќе останат во земјава сè додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу третманот на мигрантите од Авганистан. Македонија, велат од МНР, од почетокот на мигрантската криза потрошила овеќе...

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките медиуми дека по Србија и...

Вчера издадени потврди на само 372 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 372 мигранти. Според државјанството, 250 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, 113 на државјани на Ирак и 9 на лица од Авганистан. Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 104 се...

МВР вчера издало потврди на вкупно 799 мигранти

Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 799 мигранти. Според државјанството, најголем број потврди им се издадени на лица со потекло од Авганистан, вкупно 476, потоа 234 на државјани на Сирија и 89 на лица од Ирак. Од 1 јануари, заклучно со вчерашниот ден, според податоците на МВР,...

Вчера издадени потврди на 1.212 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.212 мигранти. Според МВР, најголем број потврди се издадени на државјани на Сирија, вкупно 713, потоа 296 на лица со потекло од Авганистан и 203 на државјани на Ирак. Од 1 јануари до вчера, според податоците на МВР, низ земјава поминале...

Спасовски: ЕУ да донесе заедничка одлука за менаџирање со мигрантската криза

Европската унија да донесе заедничка одлука за менаџирање на мигрантската криза, која Македонија, иако не е членка на ЕУ, ќе ја почитува и спроведува, било заклучено на денешаната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со извршниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД), Михаил Шпинделегер. Спасовски, како што соопштуваат од МВР, на средбата ја презентирал...

ДС: Владата да изгради јасен став за мигрантската криза

Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, Грција и Србија, како и со Европската унија, велат од партијата на пратеникот Павле Трајанов, Демократски сојуз. Во спротивно, велат од партијата, земјава би се довела во безизлезна состојба, со тешки последици по нејзината безбедност и стабилност. „Прифатот на мигрантите...

Иванов на состанок во Брисел за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на работниот состанок посветен на мигрантската криза, со кој ќе претседава претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, соопштија од кабинетот на Иванов. Македонскиот претседател ќе учестува на состанокот на покана на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На состанокот, покрај Иванов, ќе присуствуваат и...

Грција во Македонија гледа сојузник против затворањето на границата

Сè поголеми се  загриженоста и стравот во Грција по едностраните најави на дел од земјите на Европската унија дека ако е потребно, наредните недели ќе бараат Македонија да ја затвори јужната граница со што би се запрел протекот на мигранти по балканската рута. Во врска со овие најави, грчките власти гледаат со благонаклоност на македонската политика околу прашањето на затворањето...

Вчера издадени потврди на само 451 мигрант

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 451 мигрант. Според државјанството, 240 лица што добиле таква потврда се со потекло од Сирија, 172 се државјани на Авганистан, а 39 се од Ирак. Според податоците на МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 167 биле мажи,...

Иванов на вонредниот самит на Вишеградската група за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Чешката Република, каде ќе учествува на вонредниот самит на земјите од Вишеградската група. Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на пленарната сесија на самитот и ќе присуствува на работната вечера на учесниците на самитот, на кој централни теми ќе бидат „предизвиците од мигрантската и...

Иванов – Заоралек: Потребно е сеoпфатно европско решение за бегалската криза

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек. Како што соопштувааат од кабинетот на Иванов, на средбата се разговарало за билатерални односи меѓу двете земји и за соработката во поглед на напорите за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО, како и во однос на актуелната мигрантска и бегалска криза. „Македонија се...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...