fbpx

Грција во Македонија гледа сојузник против затворањето на границата

-

Сè поголеми се  загриженоста и стравот во Грција по едностраните најави на дел од земјите на Европската унија дека ако е потребно, наредните недели ќе бараат Македонија да ја затвори јужната граница со што би се запрел протекот на мигранти по балканската рута. Во врска со овие најави, грчките власти гледаат со благонаклоност на македонската политика околу прашањето на затворањето на границите, која, според досегашните ставови на највисокот државно лидерство, е против ова решение, брифираа грчките дипломати во Скопје.

Според нив, грчките власти со симпатии го прифаќаат ставот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов искажан на вчерашниот вонреден самит на земјите од Вишеградската група, во Прага, дека Македонија бара и очекува единствено решение на Европскиот совет, во кое Грција ќе има удел, дека Македонија нема никаков интерес целиот товар да падне на Грција и „нема да дозволи еднострани решенија што ќе бидат на штета на македонските интереси“.

– Иванов во Прага даде многу балансиран и реалистичен коментар на ова прашање – велат дипломатските извори и додаваат дека овој заеднички став околу мигрантската криза се рефлектира и во поблиска соработка меѓу двете земји и на политичко ниво.

За Грција, велат изворите, инсистирањето на дел од земјите на ЕУ, кои не ги именуваат, за затворање на границите, е во најмала рака неблагодарно.

„Има земји кои воопшто не ги исполнуваат обврските да прифатат и да дадат азил на одреден број бегалци, а од друга страна, што е во најмала рака „чудно“, сакаат да им диктираат политики околу мигрантската криза на други држави“, велат изворите.

Според нив, билатералните односи меѓу Македонија и Грција, од ескалацијата на мигрантската криза минатата година, се подигнати на високо ниво, а наскоро треба да се одржи средба на министерско ниво меѓу двете земји, на која ќе се разговара за бегалската криза.

Во случај Македонија да попушти на притисокот и да ја затвори јужната граница, Грција подготвува мерки и за таква ситуација, која грчките дипломатски извори ја карактеризираат како „многу тешка“. Во една таква критична состојба, велат изворите, Грција ќе ја засили комуникацијата со Турција, со која веќе имало состаноци на високо ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...