fbpx

СДСМ: Како градоначалникот Талески успеал да заработи 100.000 евра?

-

Битолските социјалдемократи денеска го покажаа имотниот лист на градоначалникот Владимир Талески.

Општинскиот советник од редовите на опозицијата, Благојче Котевски, пред општинската зграда праша како од 2009 до 2013 година, за време на вториот градоначалнички мандат, Талески успеал своето богатство да го зголеми за околу 100.000 евра.

– Во споредба со имотниот лист од 2013 година, станот од 70 квадратни метри е тука, станот од 52 квадрати метри е тука, станот од 46 квадрати метри е заменет со друг стан за кој нема назначено квадратура, но има зголемена вредност од два милиони денари. Возилото е тука, накитот од речиси 6.000 евра е тука, заштедата од 60.700 евра е тука, како и веќе исплатениот кредит од 16.410 евра – набројуваше Котевски.

Советникот на СДСМ го постави прашањето дали на половина од мандатот Талески успеал да заработи, односно, во својот имотен лист да пријави зголемување од околу 50.000 евра.

– Дали, со новиот имотен лист од 2015 година, Талески само ја потврдува умешноста да ги покрие сите месечни трошоци за живот и притоа да заштеди повеќе од 2.000 евра месечно – праша Котевски и ја повика Комисијата за спречување корупција да ја разгледа промената во имотната состојба на Талески и да постапи во согласност со законските прописи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...