Иванов на состанок во Брисел за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на работниот состанок посветен на мигрантската криза, со кој ќе претседава претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, соопштија од кабинетот на Иванов.

Македонскиот претседател ќе учестува на состанокот на покана на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На состанокот, покрај Иванов, ќе присуствуваат и српскиот претседател, Томислав Николиќ, премиерот на Хрватска, Тихомир Орешковиќ, и словенечкиот премиер, Миро Церар.