fbpx
Таг: мандат

таг: мандат

СДСМ: Иванов крши Устав и закон, лажна вест е дека постапил како Глигоров!

Ѓорге Иванов ги лаже граѓаните на Македонија. Лажна вест е дека со доделувањето на мандатите Иванов постапил како што постапил претседателот Глигоров во 1992 година, реагираше СДСМ денеска. Партијата испрати до медиумите копија од соопштението од кабинетот на претседателот Киро Глигоров од 14 јули 1992 година, за кое вели дека јасно покажува оти претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија...

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа...

Собранието го известило Иванов дека не е поднесен предлог за нова влада

Генералниот секретар на Собранието попладнево испратил допис до кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, во кој го информира дека до парламентот до синоќа на полноќ, кога истече рокот, не е доставена програма и предлог за составување нова влада од страна на мандатарот Никола Груевски. Иванов денеска се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Сaмуел Жбогар, кого го известил дека...

Заев: Очекувам Иванов да ми го даде мандатот, сè друго би било неуставно

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција изјави дека очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање на нова влада, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изминатите 20 дена не успеа да состави владина коалиција. - Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за...

Шкариќ: Мандатот не може повторно да оди во рацете на ВМРО-ДПМНЕ

Во ситуација откако истече рокот за Никола Груевски да формира влада, што според д-р Светомир Шкариќ, пензионираниот професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ самото по себе е погрешно, затоа што е даден мандат на кандидат што нема обезбедено мнозинство, тогаш претседателот Иванов треба да го даде мандатот на тој што обезбедил мнозинство. - Треба да се констатира дека не е...

Нови избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат нова неизвесност за мандатот на СЈО

Повторно распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат и нова неизвесност за продолжувањето на мандатот или, поточно, на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, синоќа до полноќ не успеа да обезбеди коалициско мнозинство за формирање влада, откако претседателството на ДУИ...

Заев: Обврските од извештаите на Прибе и на ЕК може да ги спроведе само одговорна влада

„Обврските за спроведување на реформските приоритети што произлегуваат од извештатите на Прибе и на Европската комисија, може да ги спроведе само нова и одговорна влада, формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени“, истакнал Заев на денешната средба со словачкиот амбасадор во земјава, Мартин Безак. Заев, како што соопштуваат од СДСМ, на средбата го информирал словачкиот амбасадор за очекувањата на...

Заев: Очекуваме Груевски да го врати мандатот и СДСМ да формира Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река. Заев го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза, како и за очекувањата за соработка со албанските партии. - Очекуваме на 29 јануари Никола Груевски да го врати мандатот и СДСМ да биде партијата што ќе формира влада во Македонија - рече...

Заев: По 29 јануари, мандатот ќе биде во наши раце

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека како што „истекува рокот од мандатот на Никола Груевски за формирање влада“, тој и неговата партија ќе излезат со своја платформа и со став по прашањата за состав на новата влада. Заев рече дека очекува Груевски да соопшти дека не може да состави влада и тој и СДСМ да го добијат мандатот...

СДСМ: Мандатот на СЈО ќе биде продолжен, а Груевски ќе мора да се соочи со правдата

Никола Груевски ќе мора да се помири со фактот дека за сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност и да се соочи со правдата, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „Правдата е дел од почнатите демократски процеси во Македонија. Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во...

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот и да се формира реформска влада

Либерално-демократската партија бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да го врати мандатот за составување влада бидејќи, како што велат од ЛДП, на државата ѝ е потребна влада која ќе почне темелни реформи базирани врз препораките на извештајот на Прибе. „И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и понатаму си игра...

Алијанса за позитивна Македонија бара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на актуелната политичка состојба во државата не се одвива според волјата на мнозинството граѓани искажана на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година, коишто гласаа за промена на десетгодишното владеење на режимот на Никола Груевски. „Сузбивањето на криминалот и на корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на...

СЈО: Не ги коментираме изјавите на Груевски, очекуваме да ни се продолжи мандатот

Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира „политичките“ изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО. „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Што се однесува до Вашето второ прашање, нашите очекувања се следни: продолжување...

ЕУ очекува „брзо формирање на широка владина коалиција“ и поддршка за СЈО

Брисел очекува брзо формирање на нова широка владина коалиција и целосно овозможување на сите услови за работа на СЈО, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека нема да се согласи на продолжување на мандатот на СЈО. - Европската Унија се надева на брзо формирање на нова широка владина коалиција...

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му го врачи мандатот на лидерот...

Иванов ќе му го врачи мандатот за составување влада на Груевски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 13 часот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе му го врачи мандатот за составување на новата влада на Република Македонија, соопштија од кабинетот на Иванов. Врачувањето на мандатот ќе се одржи во претседателската вила на Водно. Инаку, денеска е последниот ден од десетте дена, по конституирањето на новиот собраниски состав (30 декември 2016 година),...

Иванов денеска треба да го додели мандадот за премиер и за нова влада

Денеска е последниот ден од десетте дена во кои претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на новата влада „на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата...

Уште само три работни дена за договор за нова влада и премиер

На претседателот на државата, Ѓорге Иванов, му преостануваат шест дена да го додели мандатот на „кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието“ за формирање на нова владина коалиција по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. Од овие шест дена за преговори, три дена се работни, а три дена се неработни, меѓу кои се и два празници за православните граѓани....

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година. На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина...

Течат десетте дена во кои Иванов треба да го додели мандатот за премиер

Од денеска тече рокот од десет дена во кој претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да му го додели мандатот за формирање влада на „кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентари избори одржани на 11 декември. Рокот што го има Иванов да го додели мандатот за формирање влада истекува на 9 јануари, понеделник, веднаш по...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...