fbpx
Таг: мандат

таг: мандат

Ахмети попладнево на средба со Заев на Бихаќка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево е на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на партијата во Скопје, јавува „Телевизија 24“. Средбата меѓу двајцата лидери следува откако Заев му ги предаде потписите на претседателот Ѓорге Иванов, од кого се очекува да му го додели мандатот за состав на новата влада. Ахмети денеска на средба со амбасадорот на Шведска...

Претседателот Иванов ќе им се обрати на граѓаните во 16.30 часот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 16.30 часот, ќе се обрати на граѓаните на Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот. Се очекува Иванов да се произнесе во однос на тоа дали ќе му го додели мандат за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. Во понеделникот, Заев му ги предаде на Иванов собраните потписи и кажа дека очекува да му се врачи мандатот во...

ДС го повика Иванов да го даде мандатот на Заев за состав на влада

Демократскиот сојуз го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска да му го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој доби поддршка од 67 пратеници во Собранието. Од партијата велат дека состојбите во државата можат „драматично да се усложнат доколку парламентот и понатаму е без претседател, владата е техничка и со четири пратеници во неа,...

Заев – Лисјен: Очекувам од Иванов наскоро да ми го додели мандатот за влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новата амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Лин Лисјен. На средбата, како што соопштуваат од партијата, Заев ја информирал амбасадорката за актуелните политички настани во земјава и за очекувањето претседателот Ѓорге Иванов наскоро да му го додели мандатот за состав на новата влада. - Идната влада на Македонија ќе биде...

Заев на средба со Жбогар: Посветени сме на формирање реформска влада во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, со кој разговарал за процесот на формирање ново парламентарно мнозинство и за формирање на новата влада во Македонија. Заев на Жбогар му соопштил дека на претседателот Ѓорге Иванов му предал 67 потписи и дека очекува тој во најкус можен рок да го добие мандатот...

Заев: Имам 67 потписи, очекувам Иванов во најкус можен рок да ми го врачи мандатот

Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание, кои гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кому ги предаде собраните потписи. - Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот...

ДУИ денеска ќе решава дали ќе влезе во владата, Заев ќе побара мандат

Според најавите од петокот, кога портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека денеска партијата треба да реши дали ќе биде дел од владата што ќе ја формира СДСМ, на кој му ги даде потписите, јавноста очекува произнесување од Мала Речица.  Партијата треба да реши дали ќе влезе во влада со СДСМ или ќе остане опозиција, која ќе дава поддршка...

Хан: Откако се собраа доволно потписи очекуваме претседателот да го даде мандатот

„Откако се собраа доволно потписи за пратеници, со нетрпение ги очекуваме следните чекори. Сега очекуваме претседателот да му даде мандат за формирање на нова влада на кандидатот од партиите што имаат мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот“, се вели во изјавата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на веб-страницата на Европската комисија, откако ДУИ синоќа...

Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

„Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако централниот одбор на партијата го утврди неговиот избор за мандатар...

Ахмети: Ќе разговараме за опцијата да останеме во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред почетокот на средебата на централното претседателство на партијата, рече дека е мала можноста да има договор денеска. На новинарско прашање дали денеска ДУИ ќе донесе конечно решение за доделување на потписите за формирање влада, Ахмети вели дека една од опциите е ДУИ да остане во опозиција. - Денеска ќе разговараме околу опциите за ДУИ да...

Заев: На почеток на март ќе имаме нова влада предводена од СДСМ

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера донесе одлука да ни ги даде потписите за добивање мандат за составување влада, која ќе биде формирана во првата половина на март, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Сараево, на заедничката прес-конференција со лидерот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ. - Знам дека раководството на ДУИ синоќа донесе...

Попладнево Ахмети на состанок со централното претседателство на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го свика централното претседателство на партијата за денеска во 17.30 часот, потврдиле од ДУИ за „Телевизија 24“. На состанокот, како што пренесува телевизијата, тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ. Состанокот на централното претседателство на партијата доаѓа по синоќешната средба...

Спасовски: Сè уште разговараме за употребата на јазиците

Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за мандатот за состав на влада, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба на работниот тим на партијата со претставници на Алијансата на Албанците. На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси...

Бејли: УСАИД не работи против владата, нови избори не гарантираат нови резултати

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека УСАИД не работи против владата, дека потребно е продолжување на мандатот на СЈО и дека нови избори најверојатно не би донеле нови резултати. - Дека УСАИД работи за уривање на владата едноставно не е точно. Грантовите не се за поддршка на некоја идеологија или политичка партија, или...

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. - За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и...

Шилегов: Груевски креира криза за да се спаси од нормално судење и од затвор

Во оваа фаза зборуваме за мандат за состав на Влада. Ниту зборуваме за содржина, ниту зборуваме за форма и вид на Владата, и дали ќе се постигне таков договор, вели портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на новинарско прашање дали СДСМ добиле нацрт-закон за употреба на јазиците од страна на албанските партии. Прашан дали ако ВМРО-ДПМНЕ биде во опозиција од СДСМ очекуваат да...

СДСМ: Праведна даночна распределба за сиромашните да плаќаат помалку

Промените во даночниот систем ќе обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму велат дека тоа ќе го направат преку воведување на праведен персонален данок на доход, укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати, воведување на праведно оданочување за поседување на повеќе имот и посилно...

Заев: Ахмети не ми побарал пишан документ, но штом сака, ќе го добие

Ќе им ги дадеме материјалите на ДУИ, правиме сè да се заврши процесот на собирање потписи за да можеме да влеземе во преговори за формирање влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. Тој рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, досега лично не му побарал никаков пишан документ, но...

Заев – Тимоние: Важно е владата да се формира набргу и да биде реформска

„Работиме на обезбедување мнозинство и очекуваме дека ние ќе го добиеме мандатот да ја формираме новата влада“, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние. На средбата, како што информираат од СДСМ, двајцата соговорници констатирале дека од клучна важност за стабилноста на Македонија се „развојот на демократските процеси во државата и...

Иванов: Тврдењата на СДСМ се небулозен и груб обид за манипулација

Тврдењата на СДСМ дека претседателот Иванов лаже дека постапил како претседателот Глигоров и дека го крши Уставот претставуваат груба лага и груба манипулација со јавноста, се вели во реакцијата на кабинетот на Иванов на соопштението на СДСМ. „Наводите на СДСМ дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, повикувајќи се на објавено соопштение од 14 јули...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...