fbpx

Заев – Тимоние: Важно е владата да се формира набргу и да биде реформска

-

„Работиме на обезбедување мнозинство и очекуваме дека ние ќе го добиеме мандатот да ја формираме новата влада“, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата, како што информираат од СДСМ, двајцата соговорници констатирале дека од клучна важност за стабилноста на Македонија се „развојот на демократските процеси во државата и рестартирањето на европската агенда“.

– Важно е владата да се формира набргу и да биде реформска. Темел на платформата на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија. Граѓаните избраа квалитетен живот, правда, еднаквост и новата влада е должна да ги спроведе неопходните реформи и во духот на демократијата да ја врати независноста на институциите – истакнал Заев на средбата.

Лидерот на СДСМ посочил дека партијата е насочена кон решавањето на сите прашања од инетерс на граѓаните преку почитување на Уставот и на законите, „спротивно на беззаконието и на кршењето на Уставот од страна на Ѓорге Иванов и на досегашната власт“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...