fbpx

Заев: На почеток на март ќе имаме нова влада предводена од СДСМ

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера донесе одлука да ни ги даде потписите за добивање мандат за составување влада, која ќе биде формирана во првата половина на март, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Сараево, на заедничката прес-конференција со лидерот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.

– Знам дека раководството на ДУИ синоќа донесе одлука да ни ги обезбеди потписите и да ни ги даде затоа што како второрангирана партија бевме условени од претседателот Ѓорге Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот. Сега се обезбедени потписите за добивање на мандатот. Јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето влада поради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на албанските политички партии, Законот за употреба јазиците се усогласени. Тоа беа суштинските разлики. Останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои 10-15 дена во Македонија ќе има нова влада предводена од СДСМ – рече Заев.

Заев додаде дека предвремените парламентарни избори во Македонија биле резултат на упорна борба на опозицијата во обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори, за кои рече дека не биле докрај фер и демократски, но дека немало фалсификат.

Според Заев, СДСМ како партија ги поддржува граѓаните од сите етнички заедници и истакна дека верува дека мултикултурализмот претставува ветер во грб за развојот на државите, а не слабост и пречка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...