fbpx
Таг: мандат

таг: мандат

За СЈО, Уставен, Врховен и за Кривичен суд, новото собрание ќе биде судбинско

Периодот по конституирањето на новиот состав на Собранието на Република Македонија, за кое крајниот рок е 31 декември, ќе биде нова реалност за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за најважните судови во земјава - Врховниот, скопскиот Кривичен и Уставниот суд, кои тешките прашања ги оставија за решавање по изборите. Новата постизборна реалност, која првите црти од својот лик ќе почне да ги...

Обама: Да можев, ќе останев претседател

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, тврди дека би добил и трет мандат за Белата куќа и смета дека нацијата и понатаму во голема мера ја прифаќа неговата политичка визија. Според американскиот устав, една личност може да биде на претседателската функција само два четиригодишни мандати. Обама, кој за околу три недели го завршува својот втор мандат, вели дека верува дека американската јавност...

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат отпуштања во јавниот сектор,...

Заев: Влада треба да состави коалицијата што ќе има минимум 61 пратеник во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да го даде мандадот за составување нова влада на таа партија, партии или коалиција што ќе имаат мнозинство во Собранието од минимум 61 пратеник. - Членот 90 од Уставот на Република Македонија е јасен и вели дека претседателот на Република Македонија го доделува мандатот на оној претседател на партија, на...

Манојлоски побара СДСМ да ги признае резултатите во шестата изборна единица

Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ, кому СДСМ му го оспорува пратеничкиот мандат, побара политичките опоненти да ги признаат изборните резултати. Горан Манојлоски, кој според првичните официјални резултати на ДИК освои пратеничко место како четврти на листата од кандидатите за пратеници од шестата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција го повика СДСМ да ги признае изборните резултати. - Почитувани наши политички опоненти, сите...

Игри со бројки и со мандати: 51:51, 51:49 или 51:50?

Иако Државната изборна комисија го соопшти резултатот според бројот на освоени гласови (ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласови, односно 38,06 отсто, а СДСМ има 436.469 гласови или 36,69 отсто) никој, па дури ни партиите не се осмелува да направи проекција што прецизно тоа значи во број на мандати, односно освоени пратенички места. Прашањето што ги мачи сите е дали разликата во гласовите, 1,37 отсто или 16.240...

СЈО има уште 6 месеци за истраги и за обвиненија, дали ќе продолжи ќе решат изборите

Денеска навршува точно една година откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде од Јавното обвинителство предметите поврзани со незаконското прислушување. Со ова, според актуелниот Закон за СЈО, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим им остануваат уште шест месеци за истраги и за поднесување обвиненија во врска со случаите што произлегуваат од „бомбите“. Според членот 22 од Законот за СЈО,...

Оланд нема да се кандидира за претседател по вторпат

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека нема повторно да се кандидира за претседател, пренесуваат светските медиуми. За време на телевизиското обраќање, тој нагласил дека е свесен за ризикот кој го носи неговата одлука и предупредил на опасностите кои го следат десничарското движење Национален фронт. Оланд е првиот претседател во историјата на модерна Франција кој нема да побара втор мандат.

Пендаровски вети продолжување на мандатот на СЈО и специјални судски одделенија

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во првата изборна единица, Стево Пендаровски, денеска, на првиот ден од изборната кампања, најави дека ако ја добијат довербата од граѓаните, ќе биде продолжен мандатот на Специјалното јавно обвинителство, а ќе бидат формирани и специјални судски одделенија за процесирање на предметите на СЈО. Според Пендаровски, законот овозможува формирање на посебни судски одделенија, специјализирани за...

Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија. Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи го и новиот претседател на...

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан. - Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето на својата работа. Имаше одредени...

Шпанија доби влада по 10 месеци криза

Шпанскиот конзервативен лидер Маријано Рахој положи заклетва за местото премиер на Шпанија. Рахој ја положи заклетвата пред кралот Фелипе, со што се стави крај на десетмесечната политичка криза во земјата. Маријано Рахој вчера во шпанскиот парламент доби поддршка за состав на новата влада. Се очекува новиот премиер в четврток да го соопшти составот на владата. Народната партија, на чие чело е Рахој,...

Судијката Габер-Дамјановска најквалификувана од македонските кандидати за ЕСЧП

Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска е најквалификувана од тројцата македонски кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, пишува „Нова ТВ“. Кандидатите од Македонија биле интервјуирани на 29 и на 30 септември, а Комитетот за избор на судии му предложил на Парламентарното собрание на Советот на Европа за судија од Македонија да ја избере Наташа Габер-Дамјановска. За замена...

СДСМ: Ниту незаконскиот реизбор на Аневски не го спасува обвинетиот Груевски

„Советот на јавни обвинители ги прекрши законите. Во член 8, став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители јасно стои дека мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „обвинетиот Никола Груевски мисли дека незаконсото доделување на уште еден мандат на неговиот извршител,...

Управниот суд и поништил 20 решенија на лустрациска комисија

Управниот суд поништил вкупно 20 решенијата за лустрација за лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека соработувале со странски служби. Претседателот на комисијата, Томе Аџиев ни рече дека решенија стигнале за Ице Дамчевски, Јорданчо Чевревски, Неџбедин Рустеми, Љубомир Георгиевски, Јадранка Костова, Божин Павловски, Иван Катарџев, Сиљан Аврамовски, Јован Трпеновски, Вангел Гагачев, Божидар Кулевски, Владимир Јовановски, Трајко Огненовски, Николче...

Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Кралицата Елизабета Втора денеска ѝ додели мандат за формирање на нова влада на Тереза Меј, досегашната министерка за внатрешни работи, соопштија од Бакингамската палата. - Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон – истакнала Меј по именувањето на премиерската функција. Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов...

Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа, додека шест ливчиња беа неважечки. Јанкуловски ќе биде ректор на УКИМ во наредните четири години. Пред почетокот на седницата на Сенатот на УКИМ, „Студентски пленум“ го блокираше влезот на Ректоратот за да ги...

Трајанов бара закон за одговорност на уставните судии кои го кршат Уставот

Отворање постапка за донесување закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради прекршување на Уставот, а на сегашните судии да им престане мандатот, бара партијата Демократски сојуз на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. Од партијата преку соопштение велат дека со одлуката на Уставиот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи,...

ЛДП: Иванов да се изјасни дали ќе го искористи правото на аболиција

Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот суд, со која се укинува Законот за помилување од 2009 година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија. „Експресната одлука, непозната во уставното право и во функционирањето на Уставниот суд, е резултат на независната и професионална работа на Специјалното јавно обвинителство. Следен на ред е...

Лагард останува на чело на ММФ уште еден мандат

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, останува на оваа функција уште пет години, пишува „Би-Би-Си“. Лагард, чијшто мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за оваа позиција. Кристин Лагард е поранешна министерка за економија на Франција, а на чело на ММФ дојде од јули 2011 година.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...