fbpx

Игри со бројки и со мандати: 51:51, 51:49 или 51:50?

-

Иако Државната изборна комисија го соопшти резултатот според бројот на освоени гласови (ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласови, односно 38,06 отсто, а СДСМ има 436.469 гласови или 36,69 отсто) никој, па дури ни партиите не се осмелува да направи проекција што прецизно тоа значи во број на мандати, односно освоени пратенички места.

Прашањето што ги мачи сите е дали разликата во гласовите, 1,37 отсто или 16.240 гласа повеќе за коалицијата на владејачката партија, се одразува пропорционално на бројот на мандатите, односно дали односот на мандатите е 50 наспроти 50 мандати или 51 наспрема 49 или, пак, 51 наспрема 50 или …

Ова е особено важно поради изгледите за состав на идната влада, кои се многу поизвесни дури и со еден мандат разлика, настрана што тоа ќе му даде шанса на победникот прв да добие можност да формира влада.

Претседателот Ѓорге Иванов, според Уставот, е должен во рок од 10 дена, мандатот за состав на влада да му го даде на лидерот на партијата која освоила најмногу пратенички места.

Граѓанската асоцијација „Мост“ рано утрово соопшти дека резултатот е претесен за да може да каже која партија колку пратенички мандати освоила, а прес-конференција за тоа во текот на денот најави и ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...