fbpx

Алијанса за позитивна Македонија бара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот

-

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на актуелната политичка состојба во државата не се одвива според волјата на мнозинството граѓани искажана на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година, коишто гласаа за промена на десетгодишното владеење на режимот на Никола Груевски.

„Сузбивањето на криминалот и на корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на човековите и на граѓанските права, развојот на мултикултурното општество и интеркултурализмот, бескомпромисното спроведување на т.н. препораки на Прибе, се едни од главните приоритети на кои треба да се посвети идната влада, за да може Република Македонија да се врати кон демократскиот развој и евроатланските перспективи. Токму поради тоа потребен е силен импулс да се врати довербата во правдата и во правната држава и да се продолжи мандатот на СЈО за поднесување обвиненија поврзани со прислушуваните разговори“, се вели во соопштението на партијата.

Алијансата за позитивна Македонија побара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот за формирање влада, со што побргу би се отворил процесот за формирање влада според волјата на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...