fbpx
Таг: линдан

таг: линдан

Нема опасност од пожарот во ОХИС, тврди Министерството за животна средина

Нема опасност по здравјето и животната средина од опожарената сува трева до малата депонија со линдан во дворот на ОХИС, информираат од Министерството за животна средина. По пожарот што се случи вчера, вонредна контрола во кругот на некогашниот индустриски капацитет извршил Државниот инспекторат за животна средина и констатирал дека станува збор за опожарена сува трева до малата депонија со...

За една година ќе се исчисти малата депонија со линдан во ОХИС, другите ќе почекаат

За една година треба да биде исчистена малата депонија со линдан во ОХИС. Денеска и официјално започнаа активностите во кои ќе се дислоцираат околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција...

На 13 јули ќе започне постапката за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 13 јули ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е...

Лабораторија на ПМФ ќе контролира дали се загадуваат воздухот и почвата додека се чисти линданот од ОХИС

Мониторинг на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС и следење на можните емисии на загадувачки супстанци во воздухот и во почвата, ќе се врши со новата опрема на лабораторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија на ПМФ, донација од Норвешка. Чистењето на линданот започнува во јули и ќе трае една година. Министерот за животна средина Насер...

Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција. Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата за индустриски развој при Обединетите...

Владата го одобри планот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС

Владата на вчерашната седница го одобри планот за чистење на малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Пет децении откако илјадници тони линдан (канцероген инсектицид) се закопани во дворот на некогашниот хемиски гигант од времето на поранешна Југославија, се очекува конечно да започне неговото отстранување. Иако од Министерството за животна средина (МЖСПП) претходно најавија дека чистењето ќе започне до...

Сè додека не се исчистат сите четири депонии, линданот од ОХИС ќе му се заканува на Скопје

Над 13.000 тони опасен линдан лежат во малата депонија во ОХИС и четирипати повеќе (над 50.000 тони) во големата, а не се знае уште колку илјадници тони канцерогена хемикалија има во другите две депонии, едната во дворот на некогашната фабрика, а другата надвор од неа, кај локалитетот Пеленица близу Драчево. Опасниот инсектицид веќе пет децении е една од најжешките...

До крајот на месецов треба да започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС

Најдоцна до крајот на месецов ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во дворот на ОХИС, најавуваат од Министерството за животна средина. Во меѓувреме ќе бидат обезбедени сите одобренија и дозволи за работа на терен и ќе треба да се одобри Планот за ремедијација. Во првите шест до девет месеци, според проценките на Министерствто ќе може да се...

Последните количини хемикалии од ОХИС заминаа на уништување, линданот сè уште чека

Десет тони опасни хемикалии од ОХИС заминаа на безбедно уништување во инсенераторот во Лион, Франција. Тоа беа последните количини хемикалии, кои во текот на речиси две години беа препакувани и изнесени од кругот на фабриката и транспортирани до три локации низ Европа, каде што се безбедно уништени. Со последниот, петти, извоз и официјално завршува „Проектот за безбедно отстранување на хемиски...

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија се очекува да трае...

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за...

Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ. Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, но не на начин...

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на фирма сè уште не е финализиран, иако според првичните најави компанијата требаше да биде позната...

Заради коронавирусот, седум држави мора да дадат нови дозволи за извоз на хемикалиите од ОХИС

Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Швајцарија како и Македонија, треба да издадат нови дозволи за меѓународен транспорт и извоз на опасни материи, за хемикалиите од ОХИС да стигнат во инсенератор во Швајцарија. Претходната нотификација истече пред да биде завршен проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје, заради пандемијата со коронавирусот и затворањето на...

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема закана за здравјето на...

Обврската за ремедијација на почвата и подземните води во ОХИС е на државата

Целосна ремедијација на почвата, но и на подземните води мора да се направи на речиси десетици илјади квадратни метри површина која му припаѓа на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Обврската е на државата, која сè уште е сопственик на земјиштето. Децениското несоодветно складирање на десетици опасни хемикалии, последица од работата на фабриката, придонесува за катастрофално загадување на околината кое влијае директно...

За чистење на живата од ОХИС ќе се бара помош од меѓународни фондови

Опасноста од загадување со жива, која доаѓа од погонот за електролиза во ОХИС ќе се решава со помош на меѓународни фондови. Северна Македонија на почетокот на годинава ја ратификуваше Минамата Конвенцијата за жива и како нејзина членка ќе има пристап до нови извори на финансирање, конкретно наменети за решавање на проблемите со жива. Се работи за исклучително токсичен метал,...

Кој и како ќе го чисти линданот од малата депонија во ОХИС ќе се знае до крајот на месецов

До крајот на мај би требало конечно да се знае кој ќе го чисти линданот од малата депонија во кругот на некогашната фабрика ОХИС, изјави за „Мета.мк“ Насер Нуредини, министер за животна средина. „Деновиве зборував со претставникот на УНОПС (Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги) за нашиот регион и му ја изразив загриженоста и потребата за довршување на...

Чистењето на малата депонија со токсичен линдан ќе трае подолго од планираното

Рокот за чистење на малата депонија на токсичниот линдан во дворот на ОХИС истекува на крајот на следната година. Работите на терен сè уште не се започнати, бидејќи, заради пандемијата на коронавирусот, доцни изборот на компанија која ќе треба да ја собере и транспортира опасната хемикалија. Третманот на малата депонија може да трае и до 18 месеци, што значи...

Короната го заглави тендерот за чистење на токсичниот линдан од ОХИС

Пандемијата на корона вирусот го заглави тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја исчисти малата депонија на линдан во дворот на ОХИС. Изборот на компанијата која ќе го чисти линданот требаше да биде завршен до крајот на минатиот месец, но актуелните настани и затворањето на границите ја прекинаа финалната фаза на евалуацијата. „Одложувањето на изборот на компанијата...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...