fbpx
Таг: линдан

таг: линдан

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори. Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе познати, во рамките на...

Само чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе трае од 15 до 18 месеци

До крајот на март ќе се знае која компанија ќе го чисти линданот од ОХИС. Во моментов во тек е финалната фаза од евалуацијата на понудите кои пристигнаа на тендерот. Комисијата веќе имала средби во седиштето на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО во Виена, а во текот на месецот ќе биде објавена и одлуката која од...

До крајот на февруари ќе се знае кој ќе го чисти линданот во ОХИС

До крајот на февруари треба да се знае која од пријавените компании на меѓународниот тендер распишан од Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО, ќе го чисти отровниот линдан од малата депонија во ОХИС. „Во тек е прелиминарна евалуација на документацијата од пристигнатите апликации на пријавените фирми, по што ќе следуваат останатите фази од спроведувањето на тендерот“, вели Александар...

Нуредини: Тендерот за отстранување на линданот e успешен, чистењето започнува во 2020 година

Поставување на филтер на системот за греење во Гинекологија Чаир кој нема да загадува, како и на болницата во Куманово веќе од почетокот на наредната година најави, меѓу другото на денешната новогодишна средба со новинарите министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој го поздрави протестот на младите кои бараат чист воздух  и рече дека ги поддржува нивните барања да...

„Еко Центар 97“ ги чистел опасните хемикалии во ОХИС по тендер од стечајниот управник, Маринко Саздовски

Компанијата „Еко Центар 97“ која се најде во центарот на инцидентот со излевањето на опасна материја (метил акрилат мономер) во кругот на ОХИС, тендерот за чистење на хемикалиите го добила уште во април минатата година, соопштија од Министерството за животна средина (МЖСПП). Според нив, тендерот бил објавен на 11.04.2018 година од страна на стечајниот управник на АД ОХИС, Маринко Саздовски. „Министерството...

Нуредини: Тендерот за линданот во ОХИС не пропаднал, туку е само продолжен

Меѓународниот тендер за линданот не пропаднал, тој е продолжен до 16-ти декември од УНОПС за да се даде повеќе време за повеќе компании да покажат интерес за учество на тендерот, информираше денес министерот за животна средина Насер Нуредини. Очекуваме, додаде тој, да бидат презентирани иновативни идеи за чистење и ремедијација на малата депонија со линдан во апликациите на меѓународните...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење на резервоарот, со мал...

Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава. „На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи...

Еден милион евра од буџетот за чистење на линданот во ОХИС

Владата донесе одлука да одвои еден милион евра од годинешниот буџет за чистење на малата депонија на канцероген линдан во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. Овие средства се само мал дел од потребната инвестиција во справувањето со еколошката катастрофа, која се смета дека е најголемиот еколошки проблем во земјата. Во краткото објаснување на веб-страницата на владата се...

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во...

Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС ќе ја дочека новата година

Доцни почетокот на процесот на чистење на малата депонија со линдан во кругот на некогашната фабрика ОХИС во Скопје. Сè уште не е објавен меѓународниот тендер за изнаоѓање компанија која ќе го реализира чистењето на првата од неколкуте депонии со опасниот хербицид линдан и одредувањето на методата со која тој ќе се елиминира или неутрализира и кој требаше да...

Рашковски: Ќе има тендер за чистење на линданот од малата депонија кај ОХИС, за Пеленица немам овластувања

Наредниве денови ќе се објави тендерот за отстранување на линданот од малата депонија, информираат од кабинетот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како одговор на прашањето што е превземено од страна на работната група на чие чело е токму тој, за депониите на опасниот линдан од некогашната хемиска фабрика ОХИС. Во мај минатата година, премиерот Зоран Заев објави дека...

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три децении, на просторот каде што...

Малата депонија со линдан кај ОХИС ќе се чисти на есен, компанијата ќе ја избираат ОН

За месец дена ќе се финализира тендерската документација, по што ќе биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на Обединетите Нации – УНИДО за избор на фирма и технологија за отстранување на депонираниот линдан од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС која содржи околу 10 илјади тони од опасната хемикалија, соопшти денеска Сузана Андонова, раководителка на Канцеларијата за неразградливи...

Објавен тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица

Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица. Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март. Проценетета вредност на тендерот, кој е отворен до 2 април,...

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека Министерството веќе ја испратило спецификацијата...

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на денови кога ќе се објави...

Канцерогениот линдан од ОХИС 50 години метастазира, секоја власт го игнорира (видео)

video
Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето на луѓето и животната...

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на локацијата и на терен не...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...