fbpx

Рашковски: Ќе има тендер за чистење на линданот од малата депонија кај ОХИС, за Пеленица немам овластувања

-

Наредниве денови ќе се објави тендерот за отстранување на линданот од малата депонија, информираат од кабинетот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како одговор на прашањето што е превземено од страна на работната група на чие чело е токму тој, за депониите на опасниот линдан од некогашната хемиска фабрика ОХИС.

Во мај минатата година, премиерот Зоран Заев објави дека процесот за конечно решавање на проблемот со илјадниците тони отпад од опасниот пестицид линдан во поранешната фабрика ОХИС, ќе го води генералниот секретаријат на Владата. Рашковски тогаш најави дека се можни три решенија за трајно решавање на проблемот со линдан во поранешната фабрика ОХИС, за чија реализација ќе бидат потребни од 40 до 260 милиони евра во соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Еко-активистите од О2 Иницијативата неодамна јавно, на својот фејсбук профил му го поставија прашањето на Рашковски и на членовите на владината група.

„До каде сме господа со линданов?“, прашуваат од О2, барајќи од Владата да соопшти конкретни податоци за превземени мерки бидејќи, како што стои во обраќањето „јули тече, а уште нема никаква информација до каде е стасано со отстранување на линданот.

Во работната група за линданот, освен Рашковски, членуваат и досегашниот министер за животна средина Садула Дураки и министерот без ресор, Аднан Ќахил, кој самиот бил вработен како инженер во ОХИС.

Од О2 потсетуваат и дека владата уште минатиот август донела одлука да се формира комисија која ќе работи на утврдување на веродостојноста на информацијата за можноста да има дива депонија на линдан надвор од кругот на фабриката ОХИС, како во Пеленица која како локација е позната уште од 2008 година, но дека досега, освен оградувањето на локацијата и забраната за ученички екскурзии,ништо не е превземено.

„Генералниот секретар нема добиено овластување за депонијата во Пеленица, меѓутоа активно се работи на изнаоѓање решенија и финансиски средства“ стои во одговорот кој „Мета.мк“ го доби од кабинетот на Рашковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...