Таг: Либија
таг: Либија
Киднапирани српски државјани во Либија
Службеничка на српската амбасада во Либија и нејзиниот возач биле киднапирани попладнево во градот Сабрат.
На колоната возила, во која бил и амбасадорот, било пукано, при што ранет е еден либиски државјанин, а амбасадорот не е повреден. Киднапираните државјани на Србија биле во другиот автомобил.
Во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија се наведува дека двајца службеници на Амбасадата на...
На либискиот брег пронајдени 40 тела
Либиската организација Црвена полумесечина соопшти дека во близина на пристаништето Злит и Хомс на брегот се пронајдени 40 тела, кои најверојатно се жртви на минатонеделниот бродолом.
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Џоел Милман, наведе дека нема никакви информации за тоа каде и на кој начин луѓето починале.
Најмалку 3.175 мигранти и бегалци ги загубија своите животи оваа година, обидувајќи се...
Клинтон на сослушување за нападот на американскиот конзулат во Либија
Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, сведочи во истрагата за нападот на конзулатот на САД во либискиот град Бенгази од 11 септември 2012 година.
Во нападот се убиени четири американски државјани, вклучувајќи го и амбасадорот Кристофер Стивенс.
Истражното тело го основаа републиканците, а Клинтон смета дека сослушувањето е политички мотивирано за да се уништи нејзината претседателска номинација. Демократите велат дека станува збор...
Либија: Именувана влада на национално единство
Претставникот на Обединетите нации за Либија, Бернардино Леон, изјави дека е формирана влада на национално единство, по долготрајните и тешки преговори кои ставија крај на повеќемесечното двовластие во таа земја.
Во Либија постојат две влади, една во Триполи, која ја поддржуваат поранешните бунтовници, и друга, меѓународно признаена, во Торбрук, на истокот на земјата.
Леон рече дека е одлучен составот на националната...
Претставен конечниот мировен план за Либија
Претставникот на Обединетите нации за Либија, Бернардино Леон, го претстави конечниот нацрт-договор за помирување меѓу завојуваните страни и повика тие да го прифатат.
- Ја завршивме нашата работа – изјави доцна синоќа Леон, по состанокот во Мароко, додавајќи дека „сега на страните, учесници во овој дијалог, им останува да реагираат на овој текст“.
Разговорите за нацрт-договорот и за тоа како треба...
Во Либија спасени 120 бегалци
Либиската крајбрежна стража соопшти дека спасила повеќе од 100 бегалци кои се наоѓале во гумен чамец, на кој му се расипал моторот.
Директорот на крајбрежната стража, Мухамед Данди, изјави дека на 60 километри источно од Триполи биле спасени 121 бегалец.
Тој додал дека бегалците биле од арапските и од африканските земји, а дека меѓу нив имало и 10 жени. Тие се префрлени...
Триесет и седум мигранти загинаа во бродолом кај Либија
Најмалку 37 лица загинаа во потонатиот брод со мигранти во близина на либискиот брег.
Ова е втора таква несреќа за само неколку дена, откако во четвртокот пренатрупан брод со мигранти, кои од Либија се обидуваа да стигнат до Италија, потона во близина на градот Зуваре, а животот го изгубија најмалку 200 лица.
По потонувањето на бродот, портпаролот на Црвената полумесечина во...
Два брода со мигранти потонаа кај Либија
Покрај бреговите на Либија, вчера потонаа два брода и загинаа стотици лица.
Над сто тела се извадени, според податоците на болница на околниот град Зуара на западното крајбрежје.
Крајбрежната стража успеала да спаси 200 лица, но изгледа многу повеќе се блокирани на палубата на поголемиот брод.
Првиот брод, со околу 50 патници вчера испратил сигнал за помош, а вториот со околу четири...
Педесет мигранти најдени мртви на брод во Средоземното море
Тела на околу 50 луѓе биле пронајдени мртви на брод кој превезувал мигранти, а кој денеска бил пресретнат од екипа на мисијата на Европската унија „Фронтекс“ во близина на либискиот брег во Средоземното море, јавуваат светските агенции, повикувајќи за информации од италијанската крајбрежна стража.
Според информациите, од бродот биле спасени околу 430 луѓе, а спасувачката операција ја извеле екипите на...
Либискиот премиер најави оставка
Меѓународно признаениот либискиот премиер, Абдулах ел Тани, ја објави својата ненадејна оставка во телевизиско интервју и најави дека оставката официјално ќе ја достави до парламентот в недела.
За време на разговорот, Ел Тани се најде на удар на критиките на телевизиските гледачи поради неспособноста на владата да им обезбеди основни услови за живот, како што се струјата, крај на несигурноста...
Четворица Индијци зарoбeни во Либија
Индиското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека четири државјани на Индија се притворени во близина на либискиот град Сирт.
Портпаролот на министерството за надворешни работи на Индија, Викас Сваруп, изјави дека четворицата мажи се задржани на место кое е околу 50 километри оддалечено од Сирт. Ова подрачје е под контрола на терористичката организација Исламска држава, а притворените мажи работеле...
Смртна казна за синот на Гадафи
Саиф ел Ислам Гадафи, најистакнатиот син на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи, осуден е на смрт заедно со осум други припадници на поранешната влада, јавува „Раша тудеј“.
Осуден е во отсуство во Триполи, заедно со другите високи членови на власта која беше соборена во 2011 година. Меѓу обвинетите на кои судот им изрече смртна пресуда се и поранешниот премиер, како...
Киднапирани четворица Италијанци во Либија
Четири италијански градежни работници се киднапирани во Либија, соопшти италијанското министерство за надворешни работи.
Работниците се киднапирани околу комплексот на нафтената компанија ЕНИ, на подрачјето на Мелитах, западно од Триполи.
Формирана е кризна единица која е во постојан контакт со семејствата на киднапираните.
Министерство потсети дека италијанската амбасада во Либија е затворена од 15 февруари и оти оттогаш им е порачано на...
Се удавија 12 мигранти кај брегот на Либија
Дванаесет мигранти се удавија денеска откако нивниот пренатрупан брод се превртел кај брегот на Либија во Средоземно Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Истите извори наведуваат дека се спасени околу 500 лица. Телата во морето ги пронашол бродот „Датило“ на италијанската крајбрежна стража, на околу 60 километри северно од Либија.
Бродот „Датило“ спасил 106 лица од истиот брод, кој речиси половина бил во...
Либиските џихадисти ја демантираат смртта на Белмоктар
Либиската џихадистичка група Ансар ашарија денеска демантираше дека нивниот лидер Моктар Белмоктар, загинал во американските воздушни напади извршени во текот на викендот во Либија.
Мета на нападите бил состанокот на Ансар ашарија на истокот на земјата.
Во соопштението, групата ги идентификувала седумте лица кои загинале во воздушниот напад, меѓу кои не се наоѓа Белмоктар и се тврди оти „ниту една важна...
Ликвидиран познатиот екстремист Белмоктар
Влијателниот екстремист Моктар Белмоктар, кој пред две години нареди напад на алжирската рафинерија за производство на гас, убиен е за време на американските воздушни напади во Либија, соопштија властите.
Белмоктар и останатите борци се убиени во напад на источниот град Аждаби, објавија либиските власти.
САД потврдија дека Белмоктар бил мета, но не и дека загинал, јавува „Би-Би-Си“.
Пентагон соопшти дека нападот бил...
Милитантите зазедоа електрана во Либија
Милитантите на Исламска држава ја зазеле електраната во западниот либиски град Сирте, која со електрична енергија го снабдува централниот и западниот дел на земјата, објавија денеска воени извори.
Силите лојални на самопрогласената либиската влада, која го контролира главниот град Триполи, утринава се повлекле од електраната по нападот. За време на нападот убиени се тројца војници.
Исламската држава го користи безредието и...
Повик за политичко решение во Либија
Египет, Алжир и Италија повикаа на политичко решение за судирите во Либија, во пресрет на преговорите на ривалските либиски парламенти, под покровителство на ОН, за да се постигне договор за влада на национално единство.
Претставникот на ОН, Бернандино Леон, веќе со месеци се обидува да ги приближи ставовите на ривалските влади, за да се постигне договор за влада на национално единство.
Либиските претставници...
Либија стравува од џихадистичко сценарио како во Ирак
Либиската влада побара помош од другите земји за одбрана од напредувањето на екстремната џихадистичка организација Исламска држава и ги предупредила од опасноста на повторување на истото сценарио како во Ирак.
- На либиските градови им се заканува сè поголема опосност од оваа организација и ќе биде тешко да им се спротивставиме како во Ирак. Изненадени сме од тоа што меѓународната...
Либискиот премиер преживеа атентат
Премиерот на Либија, Абдулах ал Тани, вчера избегна обид за атентат во Тобрук, на истокот на земјата, кога непознати лица отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал, соопшти портпаролот на владата.
- Вооружените лица отвориле оган врз возилото на премиерот во моментот кога го напуштал местото каде се одржувала седница на парламентот – рече портпаролот.
Либискиот премиер, кого меѓународната заедница...