Либиската крајбрежна стража соопшти дека спасила повеќе од 100 бегалци кои се наоѓале во гумен чамец, на кој му се расипал моторот.
Директорот на крајбрежната стража, Мухамед Данди, изјави дека на 60 километри источно од Триполи биле спасени 121 бегалец.
Тој додал дека бегалците биле од арапските и од африканските земји, а дека меѓу нив имало и 10 жени. Тие се префрлени во прифатен центар во Триполи.
Во четвртокот крајбрежната служба спасила 104 бегалци во истата област.