fbpx
Таг: Либија

таг: Либија

Милитантите зазедоа електрана во Либија

Милитантите на Исламска држава ја зазеле електраната во западниот либиски град Сирте, која со електрична енергија го снабдува централниот и западниот дел на земјата, објавија денеска воени извори. Силите лојални на самопрогласената либиската влада, која го контролира главниот град Триполи, утринава се повлекле од електраната по нападот. За време на нападот убиени се тројца војници. Исламската држава го користи безредието и...

Повик за политичко решение во Либија

Египет, Алжир и Италија повикаа на политичко решение за судирите во Либија, во пресрет на преговорите на ривалските либиски парламенти, под покровителство на ОН, за да се постигне договор за влада на национално единство. Претставникот на ОН, Бернандино Леон, веќе со месеци се обидува да ги приближи ставовите на ривалските влади, за да се постигне договор за влада на национално единство. Либиските претставници...

Либија стравува од џихадистичко сценарио како во Ирак

Либиската влада побара помош од другите земји за одбрана од напредувањето на екстремната џихадистичка организација Исламска држава и ги предупредила од опасноста на повторување на истото сценарио како во Ирак. - На либиските градови им се заканува сè поголема опосност од оваа организација и ќе биде тешко да им се спротивставиме како во Ирак. Изненадени сме од тоа што меѓународната...

Либискиот премиер преживеа атентат

Премиерот на Либија, Абдулах ал Тани, вчера избегна обид за атентат во Тобрук, на истокот на земјата, кога непознати лица отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал, соопшти портпаролот на владата. - Вооружените лица отвориле оган врз возилото на премиерот во моментот кога го напуштал местото каде се одржувала седница на парламентот – рече портпаролот. Либискиот премиер, кого меѓународната заедница...

Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија соопшти дека испратила специјален пратеник да разговара со Европската унија за нејзиниот предлог да ги уништува бродовите на шверцерите на мигранти. Либија, во изјавата која вчера ја соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, вели дека нејзината меѓународно признаена влада ја „потврдува спремноста да ја изврши својата улога во контрола на масовната миграција која однесува илјадници животи“. На ЕУ ѝ е...

Турски товарен брод нападнат кај Либија

Турски товарен брод бил нападнат во близина на либискиот брег, додека се приближувал кон пристаништето во Тобрук, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Кога бродот се обидел да се оддалечи од брегот, од каде доаѓал огнот, бил нападнат од воздух. Во нападот убиен е еден член на екипажот, а повредени се неколкумина. Министерството за надворешни работи на Турција го...

Либиските бунтовници се заканија со контранапади ако ЕУ ги нападне трговците со луѓе

Либиските бунтовници, кои го контролираат главниот град Триполи, соопштија дека остро ќе се спротивстават на едностраните дејства на ЕУ врз пунктовите што ги контролираат шверцерите со луѓе. Тие го повикаа Брисел со нив да ги усогласи плановите за справување со мигрантската криза. Бунтовничкиот министер за надворешни работи, Мухамед ел Гирани, соопшти дека непризнаената Влада повеќепати дала предлози за справување со приливот...

ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

Лидерите на земјите-членки на Европска унија денеска во Брисел ќе разговараат за покревање воена операција против шверцерите на мигранти во Либија, кои се сметаат за одговорни за смртта на повеќе стотина мигранти годинава во Средоземно Море. Во нацрт-документот се предвидува „обврзување на европските лидери за преземање системска акција за идентификување, лоцирање и за уништување на бродовите пред пловилата да се искористат...

Нема нови преживеани од бродоломот кај Либија

Не се пронајдени нови преживеани, ниту уште некоја жртва од превртувањето на бродот со мигранти кај брегот на Либија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража. Според изјави на преживеаните, на бродот имало околу 900 лица. Крајбрежната стража утринава потврди дека се пронајдени 24 мртви и 28 преживеани по најновата несреќа во Средоземно Море. Во минатонеделните две бродски несреќи, исчезнаа 450 лица.

Шест загинати во самоубиствен напад во Мисрата

Шест лица загина, а 20 се повредени во либискиот град Мисрата откако бомбаш-самоубиец се саморазнесе, активирајќи ја бомбата поставена во автомобил. Како што јавуваат локалните власти, повеќе повредени се припадници на обезбедувањето.

ЕУ жестоко ќе одговори на терористичките закани

Лидерите на ЕУ денеска ветија дека силно ќе одговорат на сите поголеми терористички закани откако нападот во тунискиот музејот „Бордо“ предизвика страв од исламските екстремисти во соседна Либија. Екстремистичката џихадистичка организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 22 лица, од кои 20 странски туристи, повеќето од Европа. Тунис денеска соопшти дека двајца од напаѓачите биле обучувани во...

Три бомбашки напади во Либија

Во три бомбашки напади што се извршени денеска во градот Ал Кубах, источно од Бенгази, Либија, убиени се најмалку 25 лица, а 30 се повредени. Бомбите експлодирале на една бензиска станица, во локална полициска станица и во куќата во која живее спикерот на либискиот Парламент, Агила Салех. Во изјава за телевизијата „Ал Арабија“ Салех изјави дека нападите во градот, најверојатно, претствауваат...

Либија: Нападнато наоѓалиште за нафта

Вооружени милитанти го нападнаа либиското наоѓалиште на нафта Ал-Мабрук, на околу 170 километри јужно од пристаништето Сирта, при што убија тројца чувари. Портпаролот на либиската нафтена компанија изјави дека се евакуирани останатите вработени во наоѓалиштето, на кое експлоатација врши францускиот нафтен гигант „Тотал“ и оти никој не е повреден. Ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за овој напад.

Триполи: ИД држи заложници во хотел

Автромобил-бомба денеска експлодира пред луксузен хотел во Триполи, а вооружените напаѓачи упаднале во зградата, почнале да пукаат и зеле заложници откако убиле тројца припадници на хотелското обезбедување. Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека пет маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, стрелајќи во воздух и оти најверојатно станува збор за џихадисти, приврзаници на Исламска држава. Хотелот е евакуиран пред напаѓачите во панцири да се судрат...

Либиски авион бомбардира грчки танкер

Грчките власти соопштија дека непознат воен авион го бомбардирал грчкиот танкер во Либија и оти двајца членови на екипажот загинале, а двајца се повредени. Либија соопшти дека нивни авиони го бомбардирале танкерот бидејќи немал дозвола за влез во пристаништето и оти изгледал „сомнително“. Грчкото министерство за поморска трговија соопшти дека бродот „Арево“, кој плови под либериско знаме, вчера бил закотвен во...

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети. Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на меѓународно признаената власт. Египет и Обединетите Арапски Емирати летоска го повлекоа дипломатскиот персонал од Триполи поради...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...