fbpx

Клинтон на сослушување за нападот на американскиот конзулат во Либија

-

Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, сведочи во истрагата за нападот на конзулатот на САД во либискиот град Бенгази од 11 септември 2012 година.

Во нападот се убиени четири американски државјани, вклучувајќи го и амбасадорот Кристофер Стивенс.

Истражното тело го основаа републиканците, а Клинтон смета дека сослушувањето е политички мотивирано за да се уништи нејзината претседателска номинација. Демократите велат дека станува збор за „лов на вештерки“.

Претходната истрага, од 2012 година, утврди дека Стејт департментот не осигурал доволна заштита на конзулатот во Бенгази, иако тоа го барал амбасадорот Стивенс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Спасовски: Наместо амнестија, повеќе затвори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека законот за амнестија се носи во несоодветен момент, како и дека со опфатот што е најавен нема да допринесе значително за...