fbpx
Таг: Куба

таг: Куба

Во Северна Кореја, три дена жалост за Фидел Кастро

Во Северна Кореја почна тридневната жалост поради смртта на лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, кој почина во петокот вечерта во Хавана, на 91 година. Знамињата во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на почитување спрема револуционерниот лидер, а граѓаните се собираат на метро-станицата во Пјонгјанг, каде е поставена стаклена витрина со некролози за Кастро. Во некролозите се...

Светските лидери изразуваат сочувство за смртта на Кастро

Светските лидери жалат поради смртта на лидерот на кубанската револуција и поранешен претседател Фидел Кастро, кој почина синоќа по долго боледување. Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, истакна дека кубанскиот лидер бил доволно храбар да ѝ се спротивстави на Америка. - Фидел направи сè да го демонтира колонијализмот и да воспостави соработка. Фидел се спротивстави на американската блокада и со...

Путин: Фидел беше искрен и верен пријател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Фидел Кастро, лидерот на кубанската револуција кој почина синоќа на 91-годишна возраст. Тој го нарече Кастро „симбол на еден период“ и „искрен и верен пријател на Русија“, соопшти Кремљ. „Името на овој истакнат државник со право се смета за симбол на една ера во новата историја на светот“, напишал Путин во телеграмата до кубанскиот претседател...

Десетдневна жалост на Куба, погребот на Фидел Кастро на 4 декември

Кубанските власти прогласија десетдневна жалост поради смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро. Неговата урна ќе биде погребана на 4 декември, во историскиот југоисточен град Сантијаго де Куба. „Од 26 ноември до 4 декември ќе бидат запрени јавните активности и свечености, а националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на јавните згради и на воените објекти“, соопштија кубанските власти. Претседателот на...

Почина Фидел Кастро

Кубанскиот лидер и револуционерна икона Фидел Кастро почина на 91 година од животот, објави кубанската државна телевизија. „Ел команданте“ ја изгуби битката со болеста. Неговата смрт претставува крај на една ера и заминување на еден од најголемите, најпознатите и најконтроверзните светски лидери. - Командантот на кубанската револуција почина ноќеска, во 22.29 часот – соопшти неговиот брат и претседател на Куба, Раул Кастро. Во...

Рохани во Хавана на средби со браќата Кастро

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Хавана се сретна со актуелниот и со поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро и Фидел Кастро. Рохани за време на еднодневната посета на Куба разговарал со 90-годишниот Фидел Кастро. Тој имал одвоена средба и со Раул Кастро, кој го презеде водењето на земјата од својот постар брат во 2006 година. Рохани допатувал на Куба по...

Кубанската поетеса Морехон испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите

Кубанската поетеса, Ненси Морехон, добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година, испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите што го погодија Скопје и околината. Пораката, Морехон ја упати преку Струшките вечери на поезијата. „Драги пријатели, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде сè уште...

Куба ги легализираше малите и средни приватни претпријатија

Властите на Куба објавија дека ги легализирале малите и средни приватни претпријатија што е нова фаза во реформите кои се спроведуваат од кога е претседател Раул Кастро, кој го презеде управувањето со земјата од својот брат Фидел во 2008 година. Раул Кастро се обидува да го поттикне растот на слабата кубанска економија, но е соочен со отпорот на лидерот на...

Обама и Кастро се сретнаа во Палатата на револуцијата

Претседателите на САД и на Куба, Барак Обама и Раул Кастро, денеска се сретнаа во Палатата на револуцијата во Хавана. Обама, кој третпат формално се среќава со Кастро, е прв американски претседател што ја посети Куба во последните 88 години. Во пресрет на состанокот, Обама изјави дека очекува промени на Куба. - Тука ќе се случат промени и мислам дека тоа и Раул...

Обама во Хавана: Нова страница во односите меѓу САД и Куба

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја почна историската посета на Куба, која има цел да ја унапреди соработката меѓу двете земји, по половина век замрзнати односи. За време на посетата на американската амбасада во Хавана, Обама рече дека ова е историска посета и историска шанса. - Претседателот Кулиџ во 1928 година дојде со воени бродови, а за да стигне до тука,...

Обама со семејството во историска посета на Куба

Американскиот претседател Барак Обама треба да ја почне историската посета на Куба, чија цел ќе биде да се унапреди соработката меѓу двете земји по половина век замрзнати односи. Очекувајќи ја новата иднина со САД, Кубанците се подготвуваат за долгоочекуваната посета на Обама што ќе биде прва посета на Хавана од страна на американски претседател по речиси 90 години. Посетата на американскиот претседател...

Потпишан договор за нормализација на односите меѓу ЕУ и Куба

Европската Унија и Куба потпишаа договор за нормализација на односите, со што се трасира патот за воспоставување економска соработка меѓу нив. Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес, заедно со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, присуствуваa на церемонијалното потпишување на договорот во Хавана. - Ова е историски ден за билатералните односи – изјави Могерини. Договорот ќе...

Обама во историска посета на Куба во март

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Куба следниот месец и по полни 88 години тоа ќе биде прва посета на американски претседател на таа земја. Во блогот, Обама напиша дека заедно со својата сопруга ќе ја посети Куба на 21 и на 22 март. - Повеќе од 50 години, САД вршеа изолација на Куба. Но, тоа не функционираше - напиша Обама. Администрацијата на Обама ги обнови дипломатските односи...

Папата Франциск и патријархот Кирил потпишаа декларација за верско единство

Поглаварот на Римокатоличката црка, папата Франциск, и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, синоќа во Хавана потпишаа заедничка декларација за верско единство и повикаа на итна акција за помош на христијаните во Ирак и во Сирија. „Ја повикуваме меѓународната заедница на итно дејствување за да се спречи протерувањето на христијаните од Блискиот Исток... Насилството во Сирија и во Ирак...

Патријархот Кирил отпатува на средба со папата Франциск

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска тргна кон Куба, каде утре е предвиден историски состанок со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Тоа ќе боде прв состанок на двете најголеми христијански цркви по речиси илјадагодишната поделба на источна и на западна црква. Руската телевизија прикажала снимки на кои патријархот Кирил влегува во авион на аеродромот „Внуково“ во Москва. Во неодамнешното заедничко...

Историската средба меѓу папата Франциск и рускиот патријарх Кирил ќе се случи на 12 февруари

Поглаварите на Римокатоличката црква и на Руската православна црква ќе се сретнат следната недела на Куба, што би било прва средба на папата и на рускиот патријарх. Во заедничкото соопштение на Ватикан и на Руската православна црква се соопштува дека средбата ќе биде важна фаза во односите меѓу двете цркви. Портпаролот на Ватикан, Федерико Лобарди, соопшти дека папата Франциск и...

Во Србија почна примената на кубанската вакцина против рак на белите дробови

Два пациента кои ги исполнија критериумите ја примија кубанската вакцина против рак на белите дробови, со што денеска почна примената на овој лек во Србија, соопшти српскиот министер за здравство, Златибор Лончар. - За луѓето кои денеска ја примија вакцината, ова е сериозна надеж, а останува да ја следиме нивната состојба – рече министерот. Лончар додаде дека има уште седум пациенти...

Министерот за внатрешни работи на Куба поднесе оставка по 26 години

Кубанскиот министер за внатрешни работи, генералот Абелардо Коломе Ибара, поднесе оставка од здравствени прични по 26 години поминати на таа позиција. Абелардо Коломе, кој има 76 години, е историска фигура на кубанската револуција. Кубанскиот државен совет во соопштението за јавност наведе дека претседателот на државата, Раул Кастро, ја прифатил оставката на Коломе, кого го нарече национален херој. Коломе се борел рамо до...

Кастро ги повика САД да го укинат трговското ембарго за Куба

Кубанскиот претседател Раул Кастро, на Генералното собрание на ОН, рече дека односите меѓу Куба и САД ќе се нормализираат доколку официјален Вашингтон преземе одредени мерки, вклучувајќи и укинување на трговското ембарго. Кастро, исто така, рече дека е неопходно САД да ѝ ја врати на Куба воената база Гвантанамо и да стави крај на емитувањето антикомунистички пораки на островот. Американскиот претседател Барак...

Американското знаме се развиори на Куба, по 54 години

По повеќе од половина век, денеска на Куба се развиори американското знаме пред амбасадата на САД во Хавана. Церемонијата ја предводеше американскиот државен секретар Џон Кери. Американското знаме беше спуштено од 1961 година. Државниот секретар Кери, сепак немал средба со претседателот Раул Кастро, ниту пак со поранешниот претседател Фидел Кастро.Тој пак, во отворено писмо ги обвини САД дека, на Куба и должат...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...