fbpx

Папата Франциск и патријархот Кирил потпишаа декларација за верско единство

-

Поглаварот на Римокатоличката црка, папата Франциск, и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, синоќа во Хавана потпишаа заедничка декларација за верско единство и повикаа на итна акција за помош на христијаните во Ирак и во Сирија.

„Ја повикуваме меѓународната заедница на итно дејствување за да се спречи протерувањето на христијаните од Блискиот Исток… Насилството во Сирија и во Ирак веќе однесе илјадници животи и остави милиони луѓе без домови и без ресурси“, навеле двајцата великодостојници.

Во декларацијата, потпишана по двочасовната средба, се повикува на мир во Сирија, Ирак и во Украина, а Европа да „ја задржи вербата во своите христијански корени“.

Папата Франциск по средбата изјави дека со поглаварот на Руската православна црква разговарале „јасно и директно“ и оти ја цени „неговата желба за единство“. И двајцата црковни поглавари изразиле надеж дека расколот меѓу православните христијани во Украина ќе биде надминат врз основа на канонските норми.

Во заедничкиот документ, двата поглавари изразиле жалење поради „губењето на единството“ меѓу христијаните и желба за негово повторно воспоставување.

„Свесни за бројните препреки кои треба да се надминат, се надеваме дека нашата средба ќе придонесе за повторно воспоставување на единство, кое е посакувано од Бога“, рекоа поглаварите на Католичката и најголемата православна црква, во документот потпишан по нивната прва средба од поделбата на двете цркви во 1054 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...