fbpx

Обама во Хавана: Нова страница во односите меѓу САД и Куба

-

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја почна историската посета на Куба, која има цел да ја унапреди соработката меѓу двете земји, по половина век замрзнати односи.

За време на посетата на американската амбасада во Хавана, Обама рече дека ова е историска посета и историска шанса.

– Претседателот Кулиџ во 1928 година дојде со воени бродови, а за да стигне до тука, му требале три дена. Мене ми требаа само три часа – рече Обама, првиот американски лидер што ја посети Куба во последните 58 години, откако се прекинати дипломатските односи меѓу двете земји.

Во пресрет на посетата на Обама, на улуците на кубанскиот главен град на Хавана се поставени американски знамиња, што претставуива неверојатна слика по речиси шестдецениските лоши односи меѓу двете земји.

Обама со сопругата Мишел и со двете ќерки, Малија и Саша, се прошета по улиците на стара Хавана.
Претседателот на Куба, Раул Кастро, денеска ќе приреди државна вечера за својот гостин.

Обама, исто така, ќе се сретне и со дисидентите што ја критикувале владата на Кастро. Белата куќа, во намера да покаже дека тој патува под свои услови, рече дека американскиот претседател, а не кубанската влада, одредил кои дисиденти ќе присуствуваат на состанокот.

Во пресрет на посетата на Куба, Обама ги олесни ограничувањата за патување и за трговија меѓу двете земји.

Американскиот претседател ќе ја заврши тридневната турнеја по островот со говор пред кубанскиот народ, во кој ќе ја изнесе визијата за иднината на американско-кубанските односи.

Белата куќа соопшти дека посетата и неговиот говор, кој утре ќе биде телевизиски пренесуван, претставува нов почеток во односите на двата поранешни непријатели од ерата на Студената војна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...