Од денеска на патниот правец Катланово – Велес ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента.
Привремениот сообраќаен режим е поради изведување градежни работи, осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен.
На патот е поставена соодветна сигнализација, а ваквиот режим на движење на возилата ќе трае сè до завршувањето на градежните работи.