сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: осветлување | 20 резултати

Скејтпаркот во Тетово повторно запоставен, под ризик да се претвори во „џунгла“

април 24, 2022

Еден од ретките паркови во Тетово „Скејтпаркот“ повторно е запоставен и не се одржува од општинските власти. Високата трева може повторно да го претвори паркот во место кое тешко може да се нарече парк, а за тоа сведочат поразителните глетки од теренот. Невладините организации веќе четири години бараат одржување на овој простор, но надлежните не […]

Државата воведува рестрикции, возачите бараат поголемо осветлување на автопатот меѓу Скопје и Велес

декември 12, 2021

Граѓаните коишто патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес бараат властите да ја зголемат безбедноста на овој патен правец преку поставување на осветлување и соодветна сигнализација на оние делови од автопатот каде што е познато дека има одрони или “диви” локации за одмор и паркинг, од каде што се вклучуваат и исклучуваат возила на автопатот. […]

Порталб: Скејтпаркот во Тетово остана без осветлување

септември 2, 2021

По две години неодржување од локалните власти, скејтпаркот кај Автобуската станица во Тетово конечно беше исчистен и реконструиран. Ветувањето на градоначалничката на Тетово дека ќе постави јавно осветлување на овој простор е исполнето делумно – иако се поставени столбовите за осветлување, тие не се во функција. Од Општина Тетово вчера соопштија дека осветлувањето е поставено […]

Утре на „Часот на планетата Земја“ еден час во мрак ќе потонат неколку локации во Скопје и во Охрид

март 26, 2021

На 27 март, дванаесетта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Во 20:30 часот по локално време, еден час во мрак ќе потонат и над 180 земји и 7.000 градови ширум светот. Акцијата ќе патува низ часовните зони и милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе […]

Порталб: Улично осветлување во Тетово нема седум дена, од Општината не знаат кога ќе се отстрани дефектот

март 13, 2021

Поминаа седум дена откако голем број жители на улиците околу Спортскиот центар во Тетово, се во темнина околу нивните домови, поради дефект на уличните светла. Од Општина Тетово сѐ уште немаат откриено колку е голем дефектот и кога истиот ќе биде отстранет, пишува Порталб.мк. Еден од жителите на оваа улица, истакна дека тој и неговите […]

Нова акција на Штип Арт активисти: „Сонот на Штипјани“ за ѓубрето, небезбедните булевари, осветлувањето… [галерија]

јануари 30, 2021

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”.  „Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење“, велат тие.  Во најголем број граѓаните […]

Град Скопје ќе ја уредува северната страна од кејот на Вардар од Лепенец до Аеродром

јуни 17, 2020

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го […]

Тетово: Студентите не бараат читални или кина, туку основни услови за живот

февруари 24, 2020

Улици со дупки, мини депонии, недостаток на осветлување и опасност да постанат мета на криминалци се синоним за студентското секојдневие на локацијата оддалечена на само пет минути од двата универзитети во Тетово, која е воглавно населена од студенти. Ардиана, студентка што живее во овој своевиден студентски град за „Порталб.мк“ ги објасни проблемите со кои тие […]

Бектеши: Со Законот за енергетска ефикасност општините ќе може да штедат на улично осветлување

февруари 19, 2020

Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој од вчера официјално влегува во сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши. „Покрај другото законот ќе овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО. […]

Општина Аеродром не кажува колку плаќа за осветлувањето на крстот

март 18, 2019

Општина Аеродром не открива колку месечно плаќа за струјата за осветлување на крстот кај Агенцијата за разузнавање и облакодерите на „Џевахир Холдинг“, известува Порталб.мк. Новинската веб-страница од секторот за информирање на оваа општина добила одговор дека барањето треба да се поднесе врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што „Порталб“ […]

Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена со боите на македонското знаме по повод ЗОИ 2018

февруари 9, 2018

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме, заедно со боите на знамињата на другите земји учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат осветлени на позната зграда Емпаер стејт билдинг (Empire State Building) во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи. Осветлувањето и ротирањето на боите […]

Град Скопје го исклучи осветлувањето како дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

март 26, 2017

Градот Скопје синоќа беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот. Во периодот од 20.30 до 21.30 часот, Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот Око […]

Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

март 24, 2017

Градот Скопје утре во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот. Осветлувањето ќе биде исклучено на плоштад Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот Око и на Мостот на уметноста. Поддржувачите на […]

Привремен сообраќаен режим на патниот правец Катланово – Велес

март 21, 2016

Од денеска на патниот правец Катланово – Велес ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента. Привремениот сообраќаен режим е поради изведување градежни работи, осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. На патот е поставена соодветна сигнализација, а ваквиот режим на […]

Четвртиот плоштад во Охрид со мотиви од четирите рајски реки

септември 2, 2015

Вечерва од 20 часот, со пригодна свеченост, ќе биде пуштен во употреба новиот плоштад кај основното музичко училиште „Методи Патче“ во Охрид. Станува збор за ново, вкусно уредено катче, кое ќе го претставува четвртиот плоштад во Охрид. Неодамна, по пуштањето во употреба на централниот, кај ресторанот „Летница“, и на вториот по големина, кај старото дрво Чинар, […]

Охрид: Општината се премисли, ќе се поништува постапката за концесија на јавното осветлување

април 27, 2015

Советот на Општина Охрид на седницата закажана за среда, 29 април, се очекува да ја поништи постапката за концесија на јавното осветлување во Охрид. На една од претходните седници, советниците ја изгласа одлуката за избор на приватен партнер кој би требало да го одржува и модернизира уличното осветлување во градот. Во јавното-приватно партнерство требаше да влезе […]

Страна 1 од 1