fbpx

Бегалци на Идомени тврдат дека биле истепани од македонската полиција

-

Триесетина бегалци на Идомени биле физички повредени од македонската полиција поради обид за нелегален премин во Македонија, пренесуваат грчките медиуми според информации од волонтери на организацијата „Доктори без граници“.

Претставник на организацијата истакнал дека 33 лица од различни земји, на возраст од 17 до 29 години, во саботата се обиделе да влезат нелегално во Македонија. Како што рекле тие, биле нападнати и истепани од македонската полиција. Бегалците тврдат дека во нападот им биле одземени сите пари и скапоцени предмети што ги имале со себе.

Од МВР велат дека во моментов немаат информации за таков инцидент. Тие велат дека и досега повремено се појавувале шпекулации од тој тип кои ги пласираат хуманитарните организации, а кои МВР ги демантирало.

– Доколку постојат докази за таков случај, тие треба ни да се достават за да ги провериме и да преземеме соодветни мерки – ни одговорија од МВР.

Грчката полиција, пак, уапси тројца грчки државјани, кои ги поттикнувале бегалците да протестираат и да направат бунт пред македонската граница и на железничката пруга.

Во кампот изминативе денови беа забележани и пријавени различни инциденти на физичко насилство меѓу бегалците, како судири за храна и напади на бегалците од различни националности.

Во Грција се стравува дека доколку кампот не се расчисти набргу, можно е да се зголеми бројот на инциденти и на судири.

Грчката полиција постојано дели летоци кај бегалците, информирајќи ги дека границите се затворени поради што треба да се префрлат во организираните мигрантски центри, понуда која голем број од бегалците одбиваат да ја прифатат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...