fbpx
Таг: криза

таг: криза

Ципрас: Грција поднесе целосен план, топката е во рацете на ЕУ

Грција ноќеска испратила целосен и детален план со предлози и со идеи до меѓународните кредитори. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при посетата на Министерството за образование, обелодени дека од грчка страна е испратен детален план со конкретни и реалистични предлози, план во кој се направени тешки отстапки за да се излезе од кризата. „Направивме тешки отстапки и поднесовме реален план за излез...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, според светските медиуми, присуствувале и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, и првиот човек...

Азески: Економијата ќе издржи, нема сериозни пречки за проекциите

Во моментов, Стопанската комора нема никакви индиции дека има некое крупно нарушување во било кој сектор на македонската економија, но политичката криза треба ја решат тие што ја создале бидејќи бизнис-заедницата не е виновна за оваа состојба. Оваа порака денеска ја упати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој смета дека бизнис-секторот, сепак, ќе издржи. На прашањето дали преодна влада би можела...

ДОМ: Брзо решение на политичката криза за да не стане регионална и меѓуетничка

Партијата ДОМ бара брзо решение на политичката криза за да не добие други размери, па да стане регионална и меѓуетничка. Од партијата на учесниците во преговорите им порачуваат да се водат од интересот на граѓаните и на Република Македонија, па да ги стават настрана своите политички агенди и маркетиншки трикови од предизборна кампања. „Тоа значи фокус на отстранување на причините...

Груевски и Богов предупредуваат за „вознемиреност“ кај инвеститорите и кај компаниите

На синоќешниот собир „Македонија силна“, премиерот Никола Груевски истакна дека иако досега немаше посериозни штети за економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека „ќе паѓало крв“, почнале да ѝ прават проблем на македонската економија, особено во делот на извозот. - Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори, исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се...

Богов: Кризата ќе ги зголеми каматните стапки на кредитите

„Народната банка нема да биде во функција на поддршка на економските политики и тоа ќе биде една загуба. Ќе недостига тој дел за економскиот пораст. Ние би почнале со затегање, а тоа затегање ќе значи зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните кои имаат земено кредити - изјави гувернерот Димитар Богов на денешната седница на собраниската...

Богов: Ако потрае кризата, ќе страдаат инвестициите и потрошувачката

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека доколку потрае политичката криза, тоа ќе има негативен ефект врз макроекономските проекции, кои би оделе надолу, особено во делот на инвестициите и на личната потрошувачка. - Инвеститорите се воздржуваат од инвестиции во несигурен амбинет. Тие бараат стабилност, извесност и сигурност. Исто така, во еден несигурен амбиент, потрошувачката на граѓаните се одложува. Граѓаните би се...

Германската амбасадорка во Македонија очекува оставки и целосна истрага

Кристине Алтхаузер, германската амбасадорка во Македонија, смета дека според западноевропските стандарди, мора да има оставки пред да се спроведе транспарентна и целосна истрага за да се реши политичката криза, а интересите на земјата треба да надвладеат над партиските политики. - Владата уште соодветно ги нема разгледано сериозните обвинувања што произлегоа од неодамнешниот развој на настаните и од објавените снимки, што еднакво...

Политичка и судска разврска за „бомбите“ бара Европската комисија

Еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, по средбата на министрите на ЕУ, го искажа својот став за политичката криза што ја тресе Македонија. Според него, решението мора да биде двојно: правно и политичко, а опозицијата треба да се врати во Собранието, каде би отворила истражна комисија за случувањата. Но, правна разврска, смета тој, мора да има, политичката не е доволна. - Целосно сме...

Села: Граѓаните не поддржуваат меѓуетнички тензии

Секое решение на политичката криза треба да дојде преку Собранието на Република Македонија, а не преку друг орган. Затоа треба да се седне и да се најде решение. Решението е да се направи техничка влада и аферата со прислушување да се искористи за да се декриминализира политиката, за во иднина никогаш да не ни се случуваат вакви работи – изјави...

Грција ја очекува хуманитарна криза ако излезе од еврозоната

Грција ќе се соочи со хуманитарна катастрофа доколку излезе од еврозоната, оцени шефот на германската служба за анализа и за процена на економскиот развој, Кристоф Шмит. Шмит, за „Вестдојче алгемајне цајтунг“, изјави дека грчката влада си игра со оган и оти ЕУ не треба да ја слуша Атина која сака да го напушти рефомскиот курс.

Алтхаузер: Кризата е уникатна шанса за властите и за институциите да си ги покажат капацитетите

Справувањето со кризата, особено од страна на Владата и на институциите, сигурно ќе послужи како индикатор за посветеноста на вашата земја на евроатлантскиот пат, вели германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ - Ние навистина сме многу загрижени за кризата која, од наша гледна точка, е комбинација од политичкото назадување на кое сме сведоци во последните...

Груевски: Имаме план за излез од кризата

Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата има план за излез од кризата, кој предвидува секој што на каков било начин го прекршил законот и се најдат докази за тоа, да одговара пред институциите на државата. - Секако дека имаме план за излез од кризата. Планот е секој што на кој било начин го прекршил законот или со снимањето на нелегалните...

СДСМ нема тим за Брисел, ВМРО-ДПМНЕ нема телефон!

СДСМ сè уште нема избрано тим од претставници кои треба да се појават на преговори со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, во вторник (31 март 2015 година). Од владејачката партија, пак, не успеавме да добиеме одговор за тоа дали имаат направено тим што ќе ги пегла разликите со опонентите и ќе ја извлече Македонија од политичката криза. Никој од ВМРО-ДПМНЕ со денови не одговара на телефонските повици...

Грција има пари уште за две недели

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса, во која има доволно пари за да се исплатат плати и пензии до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“. Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за...

Секој секого тужи – поплава од кривични пријави во Македонија

Состојбата во Македонија, која некои ја нарекуваат политичка криза, предизвика поплава од кривични пријави, особено против и за политичари, јавни личности и за новинари. Во мала земја како што сме ние, се чини дека во моментов секој секого тужи и секој секому поднесува кривична пријава. За помалку од три месеци - од 31 јануари до денеска - кривични пријави поднеле или...

Заев се сретна со Масимо Бели, амбасадорот на Италија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со Масимо Бели, амбасадорот на Италија во Македонија. Како што соопштуваат од опозициската партија, тема на разговор на средбата биле актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби. - Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ,...

Тачи: Преодната влада би создала етнички конфликт

Политичката криза да се реши во Собранието преку анкетна комисија, а со неа да раководи лице од нашата партија, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Според Тачи, преодната влада која ја бара македонската опозиција, само би создала етнички конфликт во државата. - Преодната влада е само барање на СДСМ, каде се нашите барања, каде се барањата на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ....

Ципрас порача: Нема нови буџетски кратења

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека неговата влада ќе го исполни предизборното верување и ќе стави крај на острите буџетски кратења. Ципрас изјавата ја даде пред парламентот, непосредно пред пратениците да го одобрат законот против сиромаштија, кој е прв законски пакет на левичарската влада. Ципрас, утре на маргините на самитот на ЕИ, би требало да се сретне со германската канцеларка,...

Лајчак: Можна е дестабилизација ако не се реши кризата во Македонија

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, за „Мета“ денеска изјави дека е многу загрижен за ситуацијата во земјава. - Со голема загриженост ги следам случувањата затоа што наводите презентирани од страна на лидерот на опозицијата се многу сериозни и бидејќи Македонија е земја-кандидат за ЕУ, мислам дека тоа е прашање кое министрите за надворешни работи на ЕУ треба да...

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...