fbpx

Политичка и судска разврска за „бомбите“ бара Европската комисија

-

Еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, по средбата на министрите на ЕУ, го искажа својот став за политичката криза што ја тресе Македонија.

Според него, решението мора да биде двојно: правно и политичко, а опозицијата треба да се врати во Собранието, каде би отворила истражна комисија за случувањата.

Но, правна разврска, смета тој, мора да има, политичката не е доволна.

– Целосно сме свесни за ситуацијата во поранешната југословенската република Македонија. Можеби знаете дека денеска, во заклучоците на Советот на ЕУ, има неколку изјави, има зголемена загриженост помеѓу земјите-членки за развојот на настаните во земјата и, од друга страна, европкото семејството ги препознава напорите на некои европратеници да посредуваат за политичко решение. Но, за нас е јасно дека владеењето на правото треба да се почитува, треба да има целосна истрага. Исто така, итно ја повикувам опозицијата да се врати во Собранието, таму да имаат истражна комисија која ќе се занимава со ова од политичка перспектива, но ова не смее да значи да не се отвори кривичниот аспект на случајот. Има две димензии: кривична и политичка. Позицијата на ЕК е јасна, двете области да се отворат и да се решат на значаен и на конструктивен начин. Зборуваме за земја со европска перспектива и за земја која мора да ги почитува меѓународните и европските стандарди на владеењето на правото – вели Хан.

Јоханес Хан денеска имаше состанок со неговата колешка задолжена за транспорт во ЕК и со шесте премиери на земјите од Западен Балкан. Со сите имаше билатерални средби, освен со Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...