fbpx
Таг: криза

таг: криза

Во тек се контакти со страниците за помош за кризата

Активности и контакти на релација Македонија - Европска унија, во насока на решавање на политичката криза, која дополнително зовре по објавувањето на аферата „Прислушување“, има и се во тек, потврди Стево Пендаровски, кој е дел од опозицискиот табор. - Не можам да зборувам за детали. Знам само дека постојат контакти меѓу политичките субјекти кои се релевантни во Македонија и меѓународната...

МАНУ не сака да биде арбитер, очекува правна разврска на аферата со прислушувањето

Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) нема намера да биде арбитер на некаква политичка разврска по аферата со неовластено преслушување и очекува јавното обвинителство, судот и другите институции да доведат до правна разврска, ја пренесува „Телма“ изјавата на претстедателот на МАНУ, Владо Камбовски, според кој, ова не треба да се смета за молчење туку за став, во ситуација кога...

Тачи: Анкетна комисија е решение за излез од кризата

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тврди дека вонредни парламентарни избори или техничка влада нема да помогнат за излез од кризата. Тој смета дека е потребно да се направи анкетна комисија која треба да ја предводи човек од ДПА, бидејќи единствено неговата партија од четирите големи не е инволвирана директно во скандалот со прислушувањето. - Прво, мора да се воспостави дијалог...

Што рече, а што, всушност, сакаше да ни каже Хан?

Еврокомесарот за претпристапни преговори и соседска политика, Јоханес Хан, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ на нему својствен начин, ја сумираше посетата на земјава во екот на политичката криза. „Мета“ се обиде изјавите на Хан да ги „преведе“ на обичен, неполитички јазик за да биде појасно што рече, а што, всушност, тој сакаше да ни каже. ЗА „ПУЧ“ И ЗА...

Тензија во Атина пред новиот состанок на Еврогрупата

Грчката влада е во грч за денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел. Владата на Алексис Ципрас оптимистички се надева на позитивна одлука за продолжување на договорот за грчкиот заем, иако европските партнери продолжуваат со барањата Грција да продолжи да ги исполнува обврските од програмата за штедење. Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека грчките барање и предлог се добра...

Грците не губат надеж и верба за политиките на СИРИЗА

Тактиката на новата грчка влада за пркосење на европските притисоци за продолжување на политиката за штедење и понатаму е прифатена од грчкиот народ. Големите протести за поддршка на владата покажуваат дека народот сè уште ја смета СИРИЗА за херојска, робинхудовска партија, која ќе успее да им помогне да излезат од кризата. Според анкета на телевизијата „Алфа“, 81 отсто од граѓаните...

Грција и еврозоната не постигнаа договор

Грција и нејзините партнери во еврозоната, која брои 19 члена, не постигнаа договор за предлозите на новата грчка влада за програмата за помош и за мерките за штедење. Вонредниот состанок во Брисел е завршен еден час по полноќ, без потпишано соопштение. Новите преговори се планираат за понеделник. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека се надева дека тогаш ќе биде...

Телефонски состанок за состојбата во Украина

Tелефонски состанок, на кој повторно ќе се обидат да најдат решение за кризата во Украина, за денеска договорија украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Франко-германскиот план предвидува повеќе автономија за источните региони на Украина. Тој предвидува демилитаризирана зона од 50 до 70 километри во ширината на линијата каде што се...

Меркел и Оланд патуваат за Киев, за утре планирана средба со Путин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска ќе отпатуваат во Киев, во рамки на напорите за пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилството на истокот на Украина, а за утре е планирана средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, јавуваат светските медиуми. Главниот политички советник на Путин, Јури Ушаков, рекол дека рускиот претседател е подготвен за...

Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, изјави дека „нема воено решение за кризата во Украина“. Ваквата изјава доаѓа во момент кога официјален Киев се надева на испорака на помош во оружје од САД. - Од почетокот говориме дека не постои воено решение за оваа криза - рече Бајден за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“. Бајден вели дека САД не се заинтересирани за „воена...

Почна средбата Ципрас – Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава допатува во посета на Брисел и на почетокот на посетата, се сретна со претседателот на Европската комисија, Жн Клод Јункер. Се очекува главна тема на денешните разговори да биде најавата Грција да ги прекине преговорите со „тројката“, која ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, и да се запре програмата за...

Варуфакис: Кризата во Грција може да заврши во јуни

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека постои можност кризата во Грција да заврши во јуни. Варуфакис истакна дека е неопходно разбирање од ЕУ за подготвување мерки кои ќе почнат да се применуваат од 1 јуни годинава и кои треба да придонесат за влегување на нов капитал во Грција.

Обама: Не треба да се врши притисок врз Грција

Американскиот претседател Барак Обама, говорејќи за кризата во Грција, изјави дека не може да се продолжи со вршење притисок врз една земја, чија економија е во депресија. - Не можеме да продолжиме да вршиме притисок на земја која е во депресија. Во еден момент е потребна стратегија за пораст за да може да се вратат долговите. Кога економијата е во слободен...

12 европски банки загрозени од кризата во Русија

Загубата за 12 европски банки може да достигне 7,5 милијарди евра ако во Русија се повтори сценариото на кризата од 1998 година, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извештај на аналитичарите на Дојче банк. Меѓу најпогодените ќе бидат Рајфајзен банката, Сосиете женерал и Уникредит. Финансиските аналитичари ја проценуваат загубата на една милијарда евра за секоја од банките.  

Ахмети подготвува терен за да ги апсорбира нападите врз ДУИ

Аналитичарите проценуваат дека изјавите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, дека во земјава треба да се решат многу проблеми со неочекувани решенија, се исто толку несфатливи како и бомбите на Зоран Заев, кога има толку многу поголеми проблеми во државата кои бараат смели решенија кои можеби и не се предвидени во изборната програма на партијата, објавува „Порталб“. Алајдин Демири  за порталот...

Мачен ден за грчката влада

Темни облаци надвиснаа над грчката влада по пораката од меѓународните кредитори дека пакетот за штедење веројатно ќе мора да продолжи и во 2015 година. Владата на Нова демократија и на ПАСОК се надеваше дека на преговорите со „тројката“ во Париз, изминатите два дена, ќе постигне договор со кој ќе се потврди дека Грција ги има исполнето предвидените обврски и мерки...

БРИКС: Спремни сме за кризата

Лидерите на пет земји во развој, Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка, се уверени дека нивните економии се добро подготвени да се соочат со кризите. Претставниците на земјите, во соопштението, по состанокот на маргините на Самитот Г20 во Бризбен, укажаа дека стабилната и долгорочна обнова не е постигната шест години по почетокот на глобалната финансиска криза. Развојот на пазарната економија...

Џафери: Недоразбирања има, но дебата мора да постои

Во текот на мандатот, нормално е да се појавуваат одредени теми за кои ќе има различни разгледувања, ќе има дебата и јас мислам дека тоа е здраво во коалицијата да се бара компромисно решение, вели вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на албански јазик рече „Немојте да упропастите“. - Пораката што ја упатив до сите лидери, можам да ви...

Рускиот гас ќе протече кон Украина

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Газпром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант, Алексеј Милер. Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и Европска Унија постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и за ЕУ. Овој договор донесе олеснување на Европа, која се...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...