fbpx

Тензија во Атина пред новиот состанок на Еврогрупата

-

Грчката влада е во грч за денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел. Владата на Алексис Ципрас оптимистички се надева на позитивна одлука за продолжување на договорот за грчкиот заем, иако европските партнери продолжуваат со барањата Грција да продолжи да ги исполнува обврските од програмата за штедење.

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека грчките барање и предлог се добра основа за разговор, без да открива колку ЕУ планира да направи отстапки и да се согласи целосно со грчките барања.

Премиерот Ципрас синоќа разговараше со Меркел во обид да ги ублажи несогласувањата и да се обиде да постигне компромис пред денешниот попладневен состанок во Брисел, на кој ќе се одлучува дали ќе се прифати грчкиот предлог за промена на реформите и за продолжување на договорот за финансиска помош за уште шест месеци. Според досегашните информации, Германија, Финска, Португалија и Словачка планираат да покажат построг став и барања од Грција, додека на грчка страна ќе бидат Франција и Италија.

Независно од европските реакции и апели, за Грција да продолжи да добива финансиска помош, ќе мора да продолжи да ги исполнува обврските. Грчката влада не планира да отстапи од нејзините црвени линии и целосно да се откаже од барањето за олеснување на финансискиот товар за грчкиот народ, како и од одлуката да се стави крај на приватизацијата на државни компании.

– Грчката влада направи сè што требаше на секое ниво за да се најде заеднички прифатливо и корисно решение – истакна владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис во изјава за грчката телевизија „Мега“, додавајќи дека Грција нема да прифати под никаков услов продолжување на програмата за штедење. На иста линија е и министерот за финансии, кој коментира дека Грција го има изодено својот дел од патот и сега е ред на ЕУ да покаже волја за помош.

– Барањето за уште построго штедење во Грција може да се протолкува само како обид за казна – истакна Варуфакис пред денешниот состанок во Брисел. Тој подвлече дека владата ќе направи сè да ја осигура финансиската стабилност на државата, меѓутоа нема да дозволи да се врати на претходно договорените услови само бидејќи така велат правилата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...