fbpx

Тачи: Анкетна комисија е решение за излез од кризата

-

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тврди дека вонредни парламентарни избори или техничка влада нема да помогнат за излез од кризата. Тој смета дека е потребно да се направи анкетна комисија која треба да ја предводи човек од ДПА, бидејќи единствено неговата партија од четирите големи не е инволвирана директно во скандалот со прислушувањето.

– Прво, мора да се воспостави дијалог и комисија која ќе најде решение за суштинските прашања, па потоа да се оди на избори – рече Тачи по средбата со претседателот на делегацијата на партијата на европски социјалисти, поранешниот бугарски премиер, Сергеј Станишев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...