fbpx

Почна средбата Ципрас – Јункер

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава допатува во посета на Брисел и на почетокот на посетата, се сретна со претседателот на Европската комисија, Жн Клод Јункер.

Се очекува главна тема на денешните разговори да биде најавата Грција да ги прекине преговорите со „тројката“, која ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, и да се запре програмата за штедење на која инсистираат поверениците.

Ципрас на Јункер и на Туск ќе им го претстави новиот план за решение за грчката должничка криза, кој го подготви министерот за финансии, Јанис Варуфакис.

Според планот, чии детали сè уште не се објавени, Грција е подготвена да откаже од првобитното барање да ѝ се отпише јавниот долг, кој изнесува 175 отсто од домашниот бруто-производ, односно речиси 300 милијарди евра. Наместо отпис, Грција бара еден дел од долгот да ѝ се претвори во обврзници, кои би биле поврзани со економскиот пораст, така што ќе се отплаќа во согласност со можностите на грчката економија.

Варуфакис предложи Европската централна банка остатокот од долгот да го претвори во сосема нов тип „перманентни“ обврзници, без фиксен рок на отплата.

Јункер вчера во Европскиот парламент рече дека е спремен за промена на досегашните аранжмани со Грција, но и оти другата страна треба да биде подготвена за компромис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...