fbpx

Алтхаузер: Кризата е уникатна шанса за властите и за институциите да си ги покажат капацитетите

-

Справувањето со кризата, особено од страна на Владата и на институциите, сигурно ќе послужи како индикатор за посветеноста на вашата земја на евроатлантскиот пат, вели германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“

– Ние навистина сме многу загрижени за кризата која, од наша гледна точка, е комбинација од политичкото назадување на кое сме сведоци во последните години во земјава, така што со гонење на господинот Зоран Заев и другите обвинети луѓе, функционирањето на опозицијата, демократската опозиција се става под знак прашалник. Така што, ние ги повикуваме македонските власти да ги разрешат овие сериозни обвинувања на фер, транспарентен начин, во суд со меѓународни правни стандарди и практика, меѓу кои презумцијата на невиност е од круцијално значење – вели Алтхаузер во интервјуто.

Од друга страна, таа вели дека „кризата во исто време нуди уникатна шанса за македонските власти и институции и е вистински предизвик што се појавува еднаш во животот да го покажат својот капацитет и посветеност на демократските стандарди“.

Во врска со информацијата што ја објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека биле прислушувани амбасадори на шест најважни земји, Алтхаузер вели дека тие немаат „повеќе информации дали членови на германската амбасада се прислушувани“, но додава дека според Виенската конфенција, обврска на властите на државата-домаќин е да ги осигури безбедноста на амбасадата, на нејзиниот персонал, вклучувајќи ја и тајноста на нејзините комуникации“.

– Оваа обврска е независна од прашањето „Кој можеби нарачал потенцијално снимање?“ – вели германската амбасадорка.

Алтхаузер, во интервјуто вели дека Македонија ќе треба да вложи сериозни напори за да ја задржи препораката за почеток на преговори за прием во Европската унија (ЕУ).

– Како и во претходните години, препораките не треба да се земаат здраво за готово. Препораката е резултат на напредок препознаен од Европската комисија (ЕК) во земјата-кандидат. Напредокот се мери во однос со таканаречените копенхагенски критериуми – вели Алтхаузер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...