fbpx

Собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип: автобусите пристигнаа, дроновите полетаа

-

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, во 13 часот, ќе одржи голем народен собир, како дел од карванот на собири што партијата ги организира низ Македонија.

Во Штип веќе се собираат сипматизерите на партијата. На улиците има автобуси со кумановски, скопски и со охридски регистарски таблички.

Собирот и колоните симпатизери ќе се снимаат и со два дрона.

Првичните процени се дека во салата веќе има повеќе од 2.000 лица и уште толку надвор од неа.

Според информациите, први на собирот ќе говорат потпретседателот на Владата за економски прашања, Владимир Пешевски, и пратеникот од Штип, Никола Мицевски, а на крајот и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Според веќе проверената и увежбана тактика, членовите и симпатизерите се повикуваат преку СМС-пораки, а на партиските состаноци, секој присутен добил обврска да донесе што повеќе лица.

Во овој контекс е и фејсбук-статусот на претседателот на штипскиот разгранок на СДСМ, Владимир Милошев.

„Диктатура на дело! По повод утрешниот „сенароден“ собир на ДПМНЕ во Штип, главните сестри и „координаторки“ во Клиничката болница растрчани прават списоци. Не само вработените, туку и нивните фамилии задолжително да бидат присутни на собирот. Аман бе, луѓе… Имате ли барем малку совест, срам и достоинство?! Ве разбирам дека ги одработувате вашите позиции, но, дајте, оставете ги луѓето на мира. Не гледате дека со сила убавина не бива“, напишал Милошев на „Фејсбук“.

Спортската сала „Јордан Мијалков“, во која ќе се одржи собирот, има капацитет од 400 седишта, но според познавачите, објектот може да прими до 5.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...