ДОМ: Брзо решение на политичката криза за да не стане регионална и меѓуетничка

-

Партијата ДОМ бара брзо решение на политичката криза за да не добие други размери, па да стане регионална и меѓуетничка. Од партијата на учесниците во преговорите им порачуваат да се водат од интересот на граѓаните и на Република Македонија, па да ги стават настрана своите политички агенди и маркетиншки трикови од предизборна кампања.

„Тоа значи фокус на отстранување на причините што ја создадоа кризата, а тоа е начинот на владеење со кој се прекршиле принципите на правната држава, човековите права и слободи. Сето тоа се видe во „бомбите“ на опозицијата, ја потресе јавноста и изнесе илјадници луѓе на улица, на кои не им е важно кој добил власт на изборите, туку што правел со таа власт! И токму таа јавност, тие граѓани, очекуваат брзо конституирање на преодна влада со јасен мандат: контрола над текот на парите, пристап до правдата, пречистување на избирачките списоци и подготовка на регуларни избори. На овој начин таа преодна влада би создала механизми за функционирање на правната држава врз демократски начела и транспарентно владеење. Таа влада нема мандат ниту за редефинирање на државата, ниту на нашите меѓународни стратешки определби за ЕУ и за НАТО“, се вели во реакцијата од ДОМ.

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Скопје – кои улици ќе бидат затворени?

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на одредени улици во главниот град. Промените ќе се...

Маркетите ги објавија цените на производите, споредбата е исклучително комплицирана

Поголемите маркети во Македонија ги објавија малопродажните цени на своите веб-страници почитувајќи ги измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапија на сила вчера. Но, од практичен аспект, иако цените...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР...