fbpx

Заев се сретна со Масимо Бели, амбасадорот на Италија

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со Масимо Бели, амбасадорот на Италија во Македонија. Како што соопштуваат од опозициската партија, тема на разговор на средбата биле актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби.

– Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ, САД, ОБСЕ, последно и на ОН, за урнисувањето на правната држава и за загрозените човекови права во Македонија. Директна потврда за автентичноста на објавените разговори и за влијанието на извршната власт на Никола Груевски врз судството денеска дојде од поранешниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски. За сите веќе е кристално јасно дека во Македонија нема независен правосуден систем и дека нема правда. Институциите се окупирани од мала група, на чело со Груевски и се принудени да работат само за нивните лични и бизнис-интереси. Оваа власт повеќе нема легитимитет. Решение е преодна влада што ќе овозможи враќање на слободата и на демократијата во Македонија – рекол Заев.

На средбата станало збор и за можностите за излез од длабоката политичка криза, во која се наоѓа Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...