fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Тачи е разочаран од одлуката на Брисел и ги повикува граѓаните на протест

Министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина поради вчерашната одлука на Брисел да не ја одобри визната либерализација на државата. Како што јавуваат косовските медиуми, Тачи тврдел дека против одлуката ќе протестираат „два милиони граѓани“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните процеси“, вклучувајќи го и спроведувањето...

Дачиќ: Не очекувам замки во поглавјето 35 за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека не очекува „замки“ во преговорите со ЕУ во поглавјето 35 за Косово, како и тоа дека поглавјето не претставува замена за дијалогот што се води во Брисел меѓу Белград и Приштина. - Дијалогот и понатаму ќе се одвива во Брисел со посредништво на Федерика Могерини – изјавил Дачиќ за денешното издание...

Косово: Тензична ситуација на улиците на Приштина

Напната е ситуацијата на улиците на Приштина откако приврзаниците на опозицијата со боја и со камења ја нападнаа зградата на собранието, а со контејнери за ѓубре блокираа една од главните улици во центарот на градот. Ситуацијата настана по суспендирањето на одредени пратеници на опозицијата од работата на денешната пленарна седница, што следуваше по активирањето на солзавец во главната собраниска сала...

Косовската опозиција употреби солзавец во Собранието

Косовската опозиција повторно активирала солзавец во салата на Собранието кога претседателот на институцијата, Карди Весељи, побара од опозицијата да се изјасни дали сака да присуствува на денешната пленарна седница. Кога солзавецот беше активиран, тој изјави дека опозицијата „повторно себеси се исклучува од работата на Собранието“, прогласи пауза и го повика претседателството на парламентот на состанок. Во салата биле присутни и двајца...

Јахјага ја повика опозицијата на разговори

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, ги повика лидерите на трите опозициски партии на разговори за тоа како да се надмине блокадата во косовското Собрание. Лидерите претходно денеска одбија состанок со премиерот на Косово, Иса Мустафа, за истото прашање. Јахјага и претходно се обидела во разговори со нив да дојде до решение и да ги собере сите лидери на партиите на Косово...

Косово: Уапсен осомничен за тероризам

Полицијата на Косово уапсила етнички Албанец осомничен дека се обидувал да регрутира борци за заминување во Сирија и во Ирак и дека промовирал терористички активности на социјалните мрежи. Во соопштението од полицијата се вели дека е претресена семејната куќа на осомничениот во селото Хани, како и во селото Хани и Елезит, 65 километри јужно од Приштина, и пронајдени се пушка,...

Повеќе од 120 косовски државјани што војувале за ИД се вратиле на Косово

Повеќе од 120 косовски државјани, кои војувале на страната на Исламска држава, се вратиле на Косово, јави агенцијата „Танјуг“. Полицијата, разузнавачките и други служби за безбедност внимателно ги следат луѓето, кои во различни периоди биле во Сирија или Ирак, а потоа се вратиле во земјата. Мерките за безбедност во Косово беа подигнати на повисоко ниво по нападите во Париз, во кои беа убиени 130...

Демонтирана бомба пред Уставниот суд на Косово

Рачна граната денеска е пронајдена во дворот на Уставниот суд на Косово, соопштија полициски претставници, додавајќи дека експертските тимови успешно ја демонтирале со „контролирана експлозија“. Зградата на Уставниот суд на Косово е во близина на зградата на владата и е опколена со полиција и со припадници на единицата за демонтирање бомби. Претходно, косовската полиција го уапси Доника Кадај-Бујупи, под сомневање дека во...

Во судири со демонстрантите во Приштина, повредени се 17 полицајци

Вкупно 17 припадници на косовската полиција се повредени во судирите со демонстрантите во Приштина. Двајца полицајци добиле тешки повреди, но не се во животна опасност. Во нередите се оштетени осум цивилни, едно службено и четири полициски возила. Оштетена била и зградата на парламентот, но и друг јавен и приватен имот.

Владата на Косово останува посветена на спроведување на сите договори

Косовската влада останува посветена на спроведување на сите постигнати договори меѓу Косово и Србија, во посредништво на ЕУ. Коментирајќи ја одлуката на уставниот суд за привремена суспензија на спогодбата за заедница на општините со српско мнозинство, владата преку соопштение изјави дека тоа е нормална процедура. „Привремената мерка на уставниот суд е нормална постапка и со неа се суспендира спроведувањето на спогодбата...

Косово привремено ја суспендира спогодбата за ЗСО

Уставниот суд на Косово одлучи привремено да го суспендира Бриселскиот договор со Србија, постигнат во август годинава за Заедница/асоцијација на српски општини (ЗСО). Одлуката на судот е донесена едногласно, а формирањето на ЗСО е суспендирано до конечната одлука на судот, која се очекува во јануари следната година. Косовската претседателка, Атифете Јахјага, на крајот на октомври побара од Уставниот суд да...

Косово не влезе во УНЕСКО

Косово денеска не стана членка на УНЕСКО поради недостиг од гласови на Генералната конференција на организацијата во Париз. За три гласа, Косово не успеа да ги обезбеди потребните 95 гласа за да стане членка на оваа организација за култура во рамките на Обединети нации. Против гласаа 50 држави, за прием се изјасниле 92, а воздржани биле 29. Гласањето за прием на Косово следеше...

Генерална конференција на УНЕСКО за прием на Косово

На Генералната конференција на УНЕСКО во Париз денеска би требало да биде разгледан приемот на Косово во организацијата. По препораката на извршниот совет на УНЕСКО, Косово да стане членка на организацијата, Србија побара одлагање на расправата за прием на Косово, за прашањето да биде решено на дијалогот кој Белград и Приштина го водат во Брисел. Во случај предлогот за одложување на расправата...

Хан: До крајот на годинава Косово може да добие препорака за визна либерализација

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јонахес Хан, денеска во Приштина изјави дека до крајот на годинава би можело да биде донесена препорака за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, бидејќи се постигнати бараните стандарди. Хан, на прес-конференцијата со претседателот на владата на Косово, Иса Мустафа, рече дека Косово ги исполнило критериумите за визна либерализација, но дека...

Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето „дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот“, кратко одговорија „не“. Хан е во посета на Приштина по повод потпишувањето на спогодбата за стабилизација и за асоцијација на Косово...

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово потпишаа меморандум за соработка

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува воспоставување експертска група за справување со нелегалната трговија со оружје во Југоисточна Европа, како и регулирање на начинот за заемна соработка, соопшти МВР. „Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со...

Вучиќ: Не им забележуваме на Македонија и на Црна Гора, но ќе им го паметиме

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека не е среќен поради поддршката на Македонија и на Цена Гора на препораката за Косово за членство во УНЕСКО, но оти не им забележува бидејќи државите водат своја политика. Сепак, додава дека „тоа ќе го паметат“. - Мојата порака до граѓаните на Србија е: Главата горе, без разлика колку е тешко. Ние ништо изгубивме на...

ЕУ ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово

Европскиот совет денеска ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Косово и Европската унија. „Усвојувањето на ССА претставува отворање пат за потпишување на оваа спогодба на 27 октомври во Стразбург“, се наведува во соопштението на министерството за европски интеграции на Косово. Спогодбата предвидува воспоставување договорени односи меѓу Косово и ЕУ и е прв официјален чекор кон членство на Косово...

Косово сè поблиску до членство во УНЕСКО

Извршниот одбор на УНЕСКО гласаше позитивно за Косово да стане полноправна членка на организацијата и покрај силното противење од страна на Србија. Македонија и Црна Гора се меѓу 27 држави што гласаа позитивно за овој предлог. Воздржани по ова прашање биле 14 држави. За предлогот на извршниот совет на УНЕСКО ќе се одлучува на Генералната конференција на УНЕСКО, која ќе се одржи од...

Николиќ: Косово во УНЕСКО ќе биде расадник на нови судири

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска им порача на амбасадорите на 80 земји акредитирани во Белград дека разгледувањето на барањето за прием на Косово во УНЕСКО негативно ќе влијае на дијалогот во Брисел и оти секој наметнат одговор би бил расадник на идни судири. Николиќ наведе дека Србија е единствената земја во Европа на која неколкупати по ред ѝ одземаат...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...