fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Косовскиот суд осуди поранешен член на ИД

Основниот суд во Гњилане го осуди обвинетиот Ф.Б. на три години затвор, откако тој целосно ја призна вината. Албанецот Ф.Б. е прогласен за виновен затоа што на 17 февруари 2015 година се приклучил на меѓународната организација Исламска држава, се наведува во соопштението на судот. Тој минал низ теоретски и практичен тренинг за употреба огнено оружје „AK-47“ и на рачни бомби, се додава...

Косовската опозиција повторно фрли солзавец во собранието

Косовската опозиција со солзавец прекина уште една редовна седница на собранието на Косово. Откако Аљи Бериша положи заклетва за нов пратеник, на местото на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој претходно поднесе оставка, опозиционерите почнаа со раце да удираат по маса, а потоа активираа солзавец. Прогласена е 10-минутна пауза.

Директорот на БЈБ, Савовски, се сретна со својот колега од ЕУЛЕКС на Косово

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска се сретна со директорот на ЕУЛЕКС во Косово, Оливер Хофман. На средбата, како што соопштуваат од МВР, било разговарано за размена на информации за организирани криминални групи, кои функционираат од двете страни на границата, како и за подобрување и за продлабочување на соработката меѓу двете...

На изборот на претседател на Косово, опозицијата фрли солзавец во Собранието

Седницата на косовскиот парламент на која се избираше претседател на Косово, бргу беше прекината бидејќи опозицијата активира солзавец. Истовремено, пред зградата на владата и пред собранието на Косово, повеќе од десетина припадници на косовската полиција формирале кордон, настојувајќи да го спречат судирот на демонстрантите со поддржувачите на лидерот на Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, еден од кандидатите за...

Опозицијата фрли солзавец на седница во косовското Собрание

Опозицијата фрли солзавец во Собранието на Косово, при што седницата беше прекината набргу по нејзино почнување. Поради ова, претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весељи, суспендирал 18 пратеници на опозицијата, од кои тројца биле приведени. Косовската опозиција бара оставка од Владата на Косово, се противи на изборот на Хашим Тачи за претседател, но е и против договорот за Заедницата на српски општини...

Косовскиот суд ги ослободил двајцата првообвинети за убиствата од „Монструм“

Кривичниот суд во Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, пренесува весникот на албански јазик „Коха“. Одлуката за ослободување била донесена по заседавањето на судот во Приштина, на кое било заклучено дека аргументите на обвинителството за сериозните кривични дела за кои се товарат Исмаиловиќ и Демири во Македонија, се неиздржани. Според адвокатот на...

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи

Скопскиот кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи кон крајот на ноември 2008 година кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Судскиот совет, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, го прифатил и предлогот на јавниот обвинител за продолжување на притворот до правосилноста на пресудата. „Основниот суд Скопје 1 денеска...

Во Косово ќе се патува само со лична карта

Договор за прекугранично движење на граѓаните на двете земји со биометриски лични карти, како и за отворање на граничниот премин Белановце - Станчиќ, денеска во Приштина потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово, Никола Попоски и Хашим Тачи. Двајцата министри оценија дека овие договори ќе бидат од корист на граѓаните и на бизнисите од двете земји, а...

Попоски во еднодневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, на покана на заменикот на претседателот на Владата и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. За време на посетата предвидено е потпишување на билатерална спогодба меѓу двете влади за условите за патување на државјаните на двете земји. Спогодбата предвидува преминување на државната граница со...

Европарламентот усвои резолуции за Србија и за Косово

Европскиот парламент усвои резолуции за Србија и за Косово. Во резолуцијата за Србија се повикува Белград што поскоро да ги отвори клучните поглавја 23 и 24 во преговорите за членство во ЕУ и се поздравува напредокот во нормализацијата на односите со Приштина. Исто така, Србија се охрабрува да ги продолжи економските реформи. Србија со повикува да продолжи со системските и...

Новиот претседател на Косово ќе биде избран во февруари

Собранието на Косово ќе го избира новиот претседател на државата во текот на февруари, соопшти денеска претседателот на Собранието, Кадри Васељи, по состанокот со Здружението на политички затвореници. - Знаеме дека Хашим Тачи засега е единствен кандидат. Верувам дека тој ќе биде избран за претседател на земјата и овој процес не треба да се искомплицира – рече Весељи. Изборот на Тачи...

Обвинение против поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвинение против поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани, поради фалсификување службени документи и злоупотреба на службената должност. Хасани во „својство на службено лице – претседател на Уставниот суд на Република Косово, ја злоупотребил должноста при одлучувањето по барањето на претседателката на Косово во врска со нејзиниот декрет за именување, односно продолжување на мандатот...

Нереди и солзавец на антивладините протести во Приштина

Антивладини демонстранти се судриле со полицијата за време на денешниот протест во Приштина, на кој лидерите на косовските опозициски партии порачале дека не ја прифаќаат заедницата на српски општини, демаркацијата на граничната линија со Црна Гора и дека бараат оставка на косовската влада. Нередите, како што пренесуваат српските медиуми, настанале по завршувањето на обраќањата на опозициските лидери, кога демонстрантите почнале...

Косово поплавено од поројни дождови

Поројни дождови предизвикаа поплави во речиси сите општини во Косово, а најтешка е ситуацијата во општините Малишево, Сува Река, Глоговац и Ѓаковица. Човечки жртви нема, но штетите од поплавите се големи. Претседателката Атифете Јахјага разговараше синоќа по телефон со градоначалниците на загрозените општини и се интересираше за мерките преземени за спречување потешки последици. Премиерот Иса Мустафа побарал од надлежните служби да се координираат...

Уапсени двајца припадници на ИД во Приштина

Косовската полиција уапсила двајца мажи на аеродромот во Приштина поради сомневање дека се работи за повратници од војната во Сирија. Се верува дека мажите, кои се по потекло од Гнилане, се бореле на страната на Исламска држава. Полицијата ги уапсила В.Х., роден 1992 година, и Ф.Б. (1997 година) на аеродромот во Приштина кога се враќале со авионски лет од Истанбул. Според наводите...

Дачиќ: Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека официјален Белград нема да го поддржи членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и ОН, зашто тоа би значело легализација на еднострано прогласената независност на Косово. Реагирајќи на изјавата на амбасадорот на САД, Мајкл Кирби, дека САД сметаат дека целосното нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина подразбира и...

Канцеларијата на ЕУ на Косово очекува спроведување на одлуката на Уставниот суд

Канцеларијата на Европската унија на Косово денеска соопшти дека ја зема предвид одлуката на Уставниот суд во врска со оцената на принципите за основање Заедница на општини со српско мнозинство. „Уставниот суд заклучи дека Заедницата на општини со српско мнозинство треба да се основа како што е предвидено со првата спогодба, во согласност со Уставот. Очекуваме двете страни да ја...

Уставниот суд на Косово го потврди Договорот за ЗСО

Косовскиот Уставен суд одлучи дека Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе биде воспоставена како што е утврдено со договорот што во август го склучија властите на Белград и на Приштина. Одлуката е донесена на барање на косовската претседателка Атифете Јахјага, а во неа се наведува дека одредени делови од договорот не се целосно во согласност косовскиот устав. Одлуката на Уставниот суд стапува...

Уапсени шест лица осомничени за трговија со луѓе на Косово

Косовската полиција соопшти дека денеска во Приштина и на Косовско Поле уапсила шест лица осомничени за трговија со луѓе и за незаконско поседување оружје. Како што се наведува во соопштението, операцијата е изведена синоќа во соработка со албанската полиција и притоа е идентификувана една жртва на трговија со луѓе, државјанка на Албанија. Во акцијата е одземен и еден пиштол. На уапсените им е одреден...

Експлозија на северот на Митровица

Во експлозија што се случила на северниот дел на Митровица, оштетени се осум возила и причинета е материјална штета на околните згради, соопшти Жељко Бојиќ, шеф на оперативната косовска полиција на регионот. Во експлозијата, која се случила во 3.20 часот, нема повредени. - Единиците веднаш почнале со пребарување на теренот и утврдиле дека е фрлена експлозивна направа на улицата Краљ Петар,...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...