fbpx

Уставниот суд на Косово го потврди Договорот за ЗСО

-

Косовскиот Уставен суд одлучи дека Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе биде воспоставена како што е утврдено со договорот што во август го склучија властите на Белград и на Приштина.

Одлуката е донесена на барање на косовската претседателка Атифете Јахјага, а во неа се наведува дека одредени делови од договорот не се целосно во согласност косовскиот устав.

Одлуката на Уставниот суд стапува на сила веднаш, а со тоа престанува привремената мерка за суспендирање на активностите на ЗСО, воведена на 10 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...