fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Фрлена експлозивна направа врз косовскиот парламент

Експлозивна направа синоќа е фрлена врз косовскиот парламент во Приштина, но нема повредени, соопшти косовската полиција. Според првичните анализи, експлозивот бил фрлен од поголемо растојание. Косовските медиуми јавуваат дека две лица на мотоцикл испукале граната во зградата, додека весникот „Експрес“ тврди дека врз парламентот е истрелана „зоља“. Зградата на косовскиот парламент се наоѓа во прометна улица во Приштина, поради што полицијата...

Приштина: Повеќе од 40 лица повредени на „Пиво-фест”

Повеќе од 40 лица синоќа се повредени во инцидент што се случи на приштинскиот плоштад Захир Пајазити, за време на шестото издание на манифестацијата „Пиво-фест“, потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келени. - Во клиничката болница помош побарале повеќе од десетина лица. Повеќето од нив се повредени при бегање од создадената паника, има и лица кои побарале помош поради вознемиреност,...

„Газета експрес“: Тројца Косовци убиени во Минхен

Тројца Косовци, еден млад маж и две девојки, се меѓу жртвите од вчерашниот напад во Минхен при кој животот го загубија девет лица, а 16 се ранети. Според порталот „Газета експрес“, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на „Фејсбук“. Претходно, во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви во минхенскиот трговски центар: Сабина Суљај,...

Бискуп предупредува за можни терористички напади во Тирана, Приштина и во Скопје

Можни се терористички напади во Приштина, Скопје и во Тирана, како последица на тоа што некои луѓе се задоени во духот на нетрпеливоста и на омразата, изјави косовскиот бискуп Дод Ѓерѓи. Бискупот ги повика државните, политичките, верските и културните инситуции да дејствуваат во насока на спречување на терористичките акти, слични на тие што се случија во Париз, Бангладеш и во Истанбул. - Овој...

Од Косово екстрадиран уште еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље

Вчера од Косово во земјава бил екстрадиран Сулејман Османи, познат како командант Сула, кој е еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, потврдиле од Министерството за внатрешни работи, пренесуваат медиумите. Педесет и петгодишниот Османи, жител на селото Брест, беше уапсен веднаш по настаните во Диво Насеље, но под сомнителни...

Софтверски донации од „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, денеска во Конгресниот центар на Скопски саем, организираше ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“. Претставниците на граѓанскиот сектор имаа шанса да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“. Влора Адеми,...

На Косово уапсени седум лица поради трговија со луѓе

Седум лица се уапсени во Пеќ, под обвинение дека сториле кривично дело трговија со луѓе. По налог на обвинителството, извршена е контрола на едно кафуле во Пеќ, затоа што постоеле сомнежи дека се врши незаконска активност трговија со луѓе и таму била идентификувана една жртва, се наведува во соопштението на полицијата. Меѓу уапсените е еден жител на Косово, еден државјанин на...

Седница на ОН посветена на Косово

Седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово, ќе се одржи денеска во Њујорк. На неа ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК) и за ситуацијата на Косово во изминатите три месеци. Извештајот, како што се очекува, ќе биде претставен од шефот на...

Апсења на Косово поради крадење имот за време на приватизацијата

Косовската полиција, во соработка со државното обвинителство и со косовската агенција за приватизација, спроведува полициска акција во два региона на Косово, која вклучува ослободување на отуѓениот имот. Од полицијата соопштија дека одделението за организиран криминал одземал имот стекнат преку организиран криминал, врз основа на истрага која се води од минатата година. Станува збор за добро организирана група осомничена за кривични дела...

ЕК препорача визна либерализација за Косово и за Турција

Европската комисија официјално препорача Косово и Турција да добијат визна либерализација за подрачјето на шенген-зоната. Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, и комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, сепак истакнаа дека Косово треба да исполни две барања, односно косовскиот парламент да ја ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора и да покаже резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Безвисниот режим исто...

На „Евровизија“ забранети знамињата на Косово и на Исламска држава

На годинешното натпреварување за песна на „Евровизија“ забранети се знамињата на Косово, Исламска држава, Палестина, Крим, Доњецка Република, Нагорно Карабах и на Северен Кипар, соопштија организаторите. За време на настанот во Стокхолм, Шведска, во салата нема да биде можно да се внесат тие знамиња. За одлуката на организаторите можно е да се поднесат жалби. Покрај тие знамиња, нема да биде можно да...

Николиќ: ЕУ да не го условува членството на Србија со признавање на Косово

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но бара Брисел да не го условува нејзиното членство со признавање на независноста на Косово. - Нема да бидеме членка на каква било унија што ќе бара нешто такво од нас. Благодарен сум им на сите држави што не го признаа Косово - рече Николиќ. Српскиот претседател рече дека без разлика на...

ЕУ подготвува условена визна либерализација за Турција, Косово, Украина и за Грузија

Процесот за визна либерализација за граѓаните на Турција, Грузија, Косово и на Украина ќе биде условен и поинаков во однос на досегашната практика, пишува германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори од Европската Унија (ЕУ). Дипломат кој инсистирал на анонимност за весникот изјавил дека ЕУ ќе прифати посебен договор со Турција, кој потоа би бил применет и во случаите...

Одлуката за патување во Косово со лични карти стапи на сила

Меѓудржавната спогодба на владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила. Почетокот на одлуката денеска го означија македонскиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков, кои на граничниот премин Блаце се сретнаа со заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа. За...

Косовската полиција во состојба на готовност поради Шешељ

Косовската полиција е во состојба на готовност по најавата на Воислав Шешељ, лидерот на Српската радикална партија, дека ќе го посети северот на Косово во рамки на предизборната кампања, соопшти портпаролот на полицијата на Косово, Даут Хоџа. - Полицијата на Косово, врз основа на одлуката на државните власти на Република Косово, во овој случај Министерството за надворешни работи, ќе ги преземе...

Конференција за прогласување на Шар Планина за национален парк

Заштитата на природата и економскиот развој на регионот се големите придобивки од прогласувањето на Шар Планина на косовската страна за национален парк. Ова е ставот на претставниците на косовските институции, кои учествуваа на конференцијата „Важноста од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк“, која се одржа во Општина Драгаш, Република Косово. - Со самото користење на името национален парк...

Германија потврди апсење на три лица од Косово

Германското обвинителство денеска потврди дека се уапсени три лица од Косово во автомобил со белгиски регистарски таблички кај Минхен, во близина на границата со Австрија. Баварскиот обвинител, Флоријан Вајнзирл, рече дека во тек е истрага за да се утврди дали се оправдани сомнежите дека подготвувале сериозно злосторство. - Ги истражуваме нивните изјави, ги анализираме документите и од тоа зависи дали ќе бидат...

Ослободен косовскиот функционер кој беше во притвор во Скопје

Косовскиот функционер Гафур Дуголи ,кој беше во притвор во Скопје и требаше да биде екстрадиран во Србија, е ослободен. Кривичниот совет ја усвоил жалбата на притворениот и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија за претходна постапка. Јавното обвинителство, пак, во меѓувреме, се премислило и за Дуголи, наместо 30 дена притвор, барало обврска лицето повремено да се јавува во суд....

О’Конел: Посетата на принцот Чарлс на Косово е потврда за одличните билатерални односи

Британскиот амбасадор во Приштина, Руаири О’Конел, изјавил дека претстојната посета на принцот Чарлс и на неговата сопруга Камила претставува потврда за одличните билатерални односи меѓу Косово и Велика Британија. - Принцот сега не доаѓа во посета на британските трупи, туку како партнер на земјата со која имаме одлични односи – изјави О’Конел, а пренесува „Коха диторе“. Освен средба со претседателката на...

Косовскиот суд осуди поранешен член на ИД

Основниот суд во Гњилане го осуди обвинетиот Ф.Б. на три години затвор, откако тој целосно ја призна вината. Албанецот Ф.Б. е прогласен за виновен затоа што на 17 февруари 2015 година се приклучил на меѓународната организација Исламска држава, се наведува во соопштението на судот. Тој минал низ теоретски и практичен тренинг за употреба огнено оружје „AK-47“ и на рачни бомби, се додава...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...