fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Отворање контакт-центар на граничните полиции на Македонија и на Косово

Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска, денеска на граничниот премин Долно Блаце, заедно со својот косовски колега, Скендер Исени, ќе го отвори новиот заеднички контакт-центар на граничните полиции на двете земји. На промовирањето на контакт-центарот ќе присуствува и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.

Рударите од Трепча го прекинаа штрајкот на еден месец

Косовските рудари од јужениот дел на комбинатот Трепча, по тридневен штрајк денеска одлучиле привремено да го прекинат протестот на еден месец за да им дадат време на косовските институции да најдат решение за комбинатот, пренесуваат медиумите во Приштина. Портпаролот на рудникот, Муса Мустафа, за медиумите изјавил дека „штрајкот на рударите во Трепча е официјалнo суспендиран на еден месец и рударите...

Хашим Тачи во посета на Македонија

Во посета на Македонија денеска ќе претојува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи. Тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.  

Цајер: Ситуацијата на Косово е мирна, но не и стабилна

Командантот на германскиот контигент војници на Косово, полковникот Зигфрид Цајер, оцени дека состојбата на Косово во деловите во кои живеат претежно Срби е мирна, но не и стабилна. - Во моментов состојбата таму е мирна, но не и стабилна, Тоа последен пат можеше да се почувствува на натпреварот Албанија - Србија во октомври. Незадоволството од економската ситуација и етничката напнатост...

Притисок врз Косово за формирање суд за воени злосторства на ОВК

Се засилува притосокот на меѓународната заедница врз косовските власти за што побрзо формирање на специјалниот суд за злостроства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесуваат приштинските медиуми. Тие известуваат за разговорот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд. Во соопштението од кабинетот на Јахјага, како што известуваат медиумите, било наведено дека...

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН. - Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би...

Косово стана полноправна членка на МОК

Косово стана полноправна членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на седницата која  се одржа во Монако. Косово беше примена без ниту еден глас против, со што стана 205. членка на МОК. Одлуката која ја донесе МОК значи дека Косово ќе може да настапи на Олимписките игри, кои во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро.  

Иса Мустафа ќе биде премиер на Косово, Тачи – вицепремиер

Иса Мустафа, лидерот на Демократската лига на Косово и поранешен градоначалник на Приштина, ќе биде новиот премиер на Косово. Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија, ќе биде вицепремиер и министер за надворешени работи. За овој коалициски договор треба да се гласа денеска попладне, на конститутивната седница на Собранието на Косово. Според договорот, политичкиот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина...

Дачиќ: ЕУ не бара Србија да го признае Косово

Европска Унија официјално нема побарано Србија да го признае Косово, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. - Србија не го променила својот став околу непризнавање на Косово, ниту ЕУ официјално го побарала тоа - рече Дачиќ, додавајќи дека во официјалните документи од ЕУ не се наведува дека Србија мора да го признае. Дачиќ вели дека во документите се наведува дека Србија мора да...

Косово бара дел од наследството на СФРЈ и воена отштета

Новата косовска влада бара воена отштета и дел од златото од поранешната заедничка држава и воени објекти, пишува „Коха диторе“. Како што јавуваат приштинските медиуми, новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со признавање на суверенитетот, но ќе бара поделба на имотот и воена отштета. Владата, како што пренесува „Коха диторе“, наместо залагање за признавање на независноста, ќе остане...

На Шар Планина, Косово ќе гради ски-центар вреден 410 милиони евра

Во изградба на ски-центарот во Брезовица на Шар Планина. Косово ќе вложи 410 милиони евра, а, според планот, ова треба да стане најмодерен ски-центар на Балканот. Тој се наоѓа на северозападната страна на Шар Планина, на околу 60 километри од Приштина, на надморска висина од 900 до 2.500 метри. Предвидена е изградба на повеќе од 100 километри ски-патеки, 35 патеки...

Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

Лидерите на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, постигнаа договор Мустафа да биде на чело на коалициската влада, а претседателот на собранието да биде од редовите на ДПК, јавуваат косовските медиуми. Договорот за формирање влада е постигнат на состанок одржан во кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, на кои присуствуваше и...

ЕУ: Истрага за корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово

Европската посредничак Емили О’Рајли, најави отворање на независна истрага на нејзините служби за наводите за корупција на мисијата на Европската Унија на Косово, ЕУЛЕКС, дознаваат европските медиуми, кои го објавија нејзиното писмо испратено минатиот петок до надлежните во европската служба за надворешна акција, ЕЕАС. Во писмото О’Рајли вели дека медиумските извештаи за наводите за корупција и за митo во ЕУЛЕКС го привлекле...

Незири – Исмаили: Унапредување на економската соработка со поддршка од Европска Унија

Министерот за економија, Беким Незири, денеска во просториите на министерството, оствари средба со косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили. На состанокот се разговарало за тековната соработка во трговската и во економската сфера. - Постојните билатерални односи помеѓу Реублика Македонија и Република Косово се добра основа за натамошно надградување и за унапредување на соработката. Денешната средба е резултат на договорот...

Путин: На Крим се случи Косово

На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи во Косово, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија „А-Ер-Де“. Путин истакна дека преседан е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која, Косово има право на самоопределување и народот на Косово може да гласа за тоа дали сака своја држава или не. Таа, според...

Харадинај претендира на премиерската позиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не се откажал од кандидатурата за косовски премиер. За време на посетата на општина Дечане, тој  изјави дека одлуката на уставниот суд ги променила односите во коалицијата ВЛАН и за вечерва најави состанок на лидерите од блокот, на кој ќе бидат разгледани барањата на ДСК, јавуваат приштинските медиуми. - Јас...

Иса Мустафа ќе биде кандидат за премиер на Косово

Иса Мустафа од Демократски сојуз на Косово ќе биде кандидат за премиер на Косово, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“. Се очекува лидерите на коалицијата ВЛАН денеска да одржат состанок, на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“. Изборите на Косово се одржаа на 8...

МВР: Косовската полиција го екстрадира командант Талибани

Метин Ислами (33) познат како командант Талибани, осомничен како еден од членовите на терористичката група предводена од Лирим Јакупи-Нацист, е екстрадиран од Косово и е предаден на македонската полиција. Екстрадициската постапка на Ислами, како што иноформираат од МВР, траела повеќе од една година. - Со највисок степен на обезбедување, Метин Ислами, познат како командант Талибани, беше преземен од косовската полиција на...

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на албански јазик рече „Немојте да упропастите“. - Пораката што ја упатив до сите лидери, можам да ви...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...