fbpx

Незири – Исмаили: Унапредување на економската соработка со поддршка од Европска Унија

-

Министерот за економија, Беким Незири, денеска во просториите на министерството, оствари средба со косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили. На состанокот се разговарало за тековната соработка во трговската и во економската сфера.

– Постојните билатерални односи помеѓу Реублика Македонија и Република Косово се добра основа за натамошно надградување и за унапредување на соработката. Денешната средба е резултат на договорот на неодамнешните средби на земјите од Западен Балкан што се одржаа во Берлин и во Будва, на кои беше посочено дека соработката на земјите во регионот е клучна за напредокот -истакна министерот Незири, додавајќи дека Република Македонија и Република Косово заеднички ќе бараат средства од европските фондови за новото енергетско 400-киловолтно поврзување меѓу двете земји, за реализација на патните правци Тетово – Призрен, Скопје – Блаце, како и за железничко поврзување на Белград преку Приштина и Скопје со Солун и со Истанбул.

Незири истакна дека реализацијата на овие инфраструктурни проекти ќе помогне многу за развој на економиите на двете земји, но и за економиите на регионот, па дури и пошироко, во Европа.

– Сите држави во регионот имаат проблеми со ниската маргина на јавниот долг и реализацијата на поголемите инфраструктурни проекти претставува реален проблем. Затоа ќе бараме поддршка од Европска Унија, како што и досега сме барале за нивна реализација – истакна Исмаили, посочувајќи дека од реализацијата на овие проекти двете држави ќе имаат огромни добивки.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...