fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Косовскиот премиер бара деблокада на Собранието

Косовскиот премиер, Иса Мустафа, денеска изјави дека не прифаќа ултиматуми и оти е подготвен за расправа со собранието на Косово за сите прашања, па и за спогодбите постигнати во Брисел. - Нема ултиматуми затоа што Косово треба да се однесува како држава. Подготвен сум да одговорам во собранието на секое прашање. Исто така, подготвен сум за расправа во собранието за одредени договори –...

Малезија: Уапсен косовски хакер поради поврзаност со ИД

Ардит Феризи од Косово е уапсен во Куала Лумпур поради хакирање и, наводно, давање информации за припадници на американските служби на милитантната организација Исламска држава (ИД), соопштија малезиски и американски претставници. Шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакар, доцна синоќа соопшти дека Феризи, кој е во своите 20. години, е уапсен на 15 септември. Феризи е осомничен дека е во контакт...

Опозицијата повторно употреби солзавец во Собранието на Косово

Косовската опозиција повторно употреби солзавец во Собранието на Косово и така и денеска ја оневозможи редовната седница. Во моментот на почетокот на седницата на Собранието, пратениците на опозицијата излегле пред говорницата и потоа го активирале солзавецот. Претседателот на Собранието, Кадри Весељи, го оцени овој чин како срамен и најави пауза. Инцидентот се случи иако собраниското обезбедување го контролираше влегувањето на сите...

Спречен напад врз премиерот на Косово

Косовската полиција спречила напад врз премиерот Иса Мустафа, но осомничените успеале да побегнат. Како што соопшти полицијата, двајцата осомничени требало да ја запрат моторизираната придружба на премиерот, фрлајќи клинци и други метални предмети на патот. Според првичната истрага, полициски службеник се вмешал во организирањето на нападот и веќе е во притвор, додека другите се во бегство.

Косово: Опозицијата го гаѓаше со јајца премиерот во парламентот

Седницата на собранието на Косово за договорот меѓу Белград и Приштина повторно е прекината по инцидентите во парламентот. За време на излагањето на Иса Мустафа, одредени пратеници од опозицијата почнале да го гаѓаат премиерот со јајца. Претседателот на парламентот дал пауза. // Pamjet kur kryeministri Isa Mustafa hidhet me vezë në Kuvendin e Kosovës Posted by Koha.net on Tuesday, 22 September 2015

Косово: Нападнати активисти на Самоопределување

Опозициската партија на Косово, Движење за самоопределување, јави дека синоќа околу 21.20 часот четири лица, вооружени со ножеви, нападнале активисти на партијата во Приштина. - Двајца од напаѓачите биле синовите на Сабит Геци (поранешен борец на ОВК), Албан и Куштрим Геци, кои имаат кривични досиеја. Полицијата ги уапси двајцата, а другите двајца побегнале. Двајцата активисти на Движењето кои се избодени...

Курц: Без ЕУ перспективи, БиХ и Косово може да се свртат кон радикалниот ислам

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изјави дека на земјите од Западен Балкан не смее да им се блокираа ЕУ перспективите затоа што без нив постои опасност некои од нив, како што се БиХ и Косово, да се оттргнат од Европа и се свртат кон радикалните исламистички групации и сред Европа да имаме такви групации. - Тоа е...

Со косовски пасош во Русија само ако се учествува на меѓународен настан

Руската амбасада во Белград денеска соопшти дека со косовски пасош може да се влезе во Русија само во случај во Русија да се одржува меѓународен настан на меѓународни организации во кои членува Косово. „Русија, како и низа други земји што не ја признаа независноста на Косово, издаваат визи во облик на специјален формулар што се вметнува во косовските пасоши, а печат за преминување на...

Познат идентитетот на убиениот во Диво Насеље

Познат е идентитетот на убиениот 71-годишен маж во инцидентот што  претпладнево, околу 11.20 часот, се случи на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље, пишува „Прес24“ . Според порталот, убиен е 71-годишниот Риза Р., а во пукањето тешко повреден е неговиот 30-годишен син Аднан. За убиството осомничен е косовскиот државјанин Бекир Н. Според информациите, Бекир Н. со огнено оружје стрелал во Риза и...

Откриено оружје на езерото Бадовац на Косово

Косовската полиција соопшти дека во близина на езерото Бадовац, на магистралата Приштина - Гљилане, е пронајдено оружје, муниција, униформи и други воени материјали. Случајот е пријавен кај дежурниот обвинител, а на местото каде е пронајдено оружјето е испратена единица за деминирање и патрола од Грачаница. Портпаролот на полицијата, Баки Кељани, ги негираше информациите на некои косовски медиуми дека е пронајден...

Косово поднесе барање за членство во УНЕСКО

Косово денеска поднесе барање за членство во УНЕСКО, агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, објави на социјалните мрежи заменик-премиерот и шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи. „Очекуваме во ноември да бидеме примени како членка во особено значајната организација. Барањето е поднесено по консултација со партнерите и по 130 состаноци со делегацијата на УНЕСКО, кои ги имавме годинава“, напиша...

Уапсени тројца осомничени терористи на Косово

Косовската полиција соопшти дека уапсила три лица под сомневање дека се инволвирани во кривично дело, а сервисот на „Радио Слободна Европа“ на српски јазик, повикувајќи се на неименувани полициски извори, јавува дека станува збор за осомничени терористи. Портпаролот на косовската полиција, Баки Келани, изјави дека три лица се уапсени утринава на патот Приштина - Гњилане. - Косовската полиција уапси три лица осомничени...

Обвинителството нема коментар на барањето на МКГ за меѓународна истрага за Куманово

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција секојдневно презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Куманово при спроведување на полициската акција. Со оглед на обемноста на доказниот материјал, истражна постапка е во тек. Обвинителството во интерес на истрагата не може да споделува детали. Во моментот кога ќе се создадат услови, јавноста ќе...

Котевски: МВР и понатаму е со зголемено ниво на готовност

Насоките и предупредувањата за можни одмазднички акции во врска со полициската акција во Куманово од 9 мај и подигнатото ниво на безбедносни мерки содржани во инструктивната телеграма што Министерството за внатрешни работи ја испрати до раководните лица во министерството, сè уште се на сила, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. - Безбедносното ниво е...

Енгал: Косово да формира специјален суд или ОН ќе го направат тоа

Американскиот конгресмен Елиот Енгал уште еднаш ги повика косовските власти да го основаат специјалниот суд, без разлика што одлуката е тешка, затоа што, во спротивно, тоа ќе биде суд на Обединетите нации. - Не станува збор за тоа дали ќе има специјален суд или не. За мене, прашање е дали ќе биде специјален суд или суд на ОН. Ако не...

Јахјага: Речникот на Николиќ за Косово е враќање на старата реторика

Кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, денеска соопшти дека речникот што претседателот на Србија, Томислав Николиќ, го користел на собирот во Будва, претставува враќање на старата позната реторика. Николиќ во Будва, на маргините на Самитот на лидерите на процесот Брод-Бриони, според пишувањата на „Вечерњи новости“, ѝ порачал на Јахјага да „не се замислува“ дека предводи некоја млада држава, затоа што...

На Косово пукано во автомобил со чешки полицајци

Чешката полиција денеска соопшти дека во текот на викендот непознати луѓе на северот на Косово пукале на автомобили во кои имало чешки и германски полицајци и дека сè завршило без ниеден повреден и само со скршени ветробрани. Непознатите напаѓачи во неделата попладне отвориле оган на два автомобили на ЕУЛЕКС во кои имало четворица чешки и еден германски полицаец и еден прведувач. - Двата...

Од почетокот на годинава, 6.000 емигранти се вратиле на Косово

Од 1 јануари годинава, на Косово се вратиле повеќе од 6.000 граѓани кои емигрирале во западните земји, посебно во Германија. Ова го изјави официјално лице за миграција при МВР на Косово, Валон Красниќи, за косовскиот медиум „Косовалајв“ (Kosovalive). Според него, за разлика од минатата година, бројот на повратници е зголемен. Во априлскиот извештај на УНДП, се наведува дека 47 проценти од...

Два нови гранични премини меѓу Србија и Косово

Делегациите на Косово и на Србија, во Брисел договорија отворање на два нови гранични премини меѓу двете држави. Покрај ова, било договорено и да се воспостави царина на граничниот премин Мутиводa. Во Приштина е соопштено дека двете страни разговарале и за „елиминација на бирократијата од српската страна“ на административните премини, посебно за време на летото кога се „зголемува фрекфренцијата на...

Косово доби меѓународен телефонски код

Косово доби меѓународен телефонски код, кој ќе биде 383, соопшти косовската министерка за дијалог, Едита Тахири. Тахири, по посетата на Брисел, соопшти дека со Србија постигнале договор Косово да добие меѓународен телефонски код 383 од Меѓународната телекомуникациска унија. - Барањето во име на Косово ќе го поднесе Австрија. Добивањето телефонскиот код за Косово е од исклучително големо значење бидејќи Косово ќе...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...