fbpx

Косовскиот премиер бара деблокада на Собранието

-

Косовскиот премиер, Иса Мустафа, денеска изјави дека не прифаќа ултиматуми и оти е подготвен за расправа со собранието на Косово за сите прашања, па и за спогодбите постигнати во Брисел.

– Нема ултиматуми затоа што Косово треба да се однесува како држава. Подготвен сум да одговорам во собранието на секое прашање. Исто така, подготвен сум за расправа во собранието за одредени договори – рече Мустафа на седница на владата на Косово.

Мустафа во име на владата изрази жалење поради последните настани во собранието на Косово – фрлањето солзавец, и додаде дена насилството на опозицијата не му служи на народот и оти е нужна деблокада на институцијата.

– Таквото однесување му штети на имиџот на Косово – рече Мустафа.

Опозицијата веќе цел месец ја блокира работата на собранието на Косово, барајќи премиерот да го повлече потписот од договорот со заедницата на општините со српско мнозинство и демаркацијата на граничната линија со Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...